Category Archives: АКТУЕЛНО

Од активностите од оваа седмица

Во оваа седмица екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на ДУТУ.„Ванчо Питошески„ како и зелената површина на кејот во близина на училиштето. Засадено е сезонско цвеќе и декоративни грмушки.

pitoseski

Во рамките на Програмата за одржување на јавна чистота за 2015 год., во овој период секојдневно се реализираат активности за расчистување на крајбрежниот појас покрај кејот, на потегот од х.Палас до х.Милениум каде се наталожуваат наноси од реса, трска, муљ и комунален отпад.

kej

Се коси тревниот дел покрај коловозот на патот кој води до Спомен-паркот на Револуцијата

 DSCN0899

Се искоси тревниот дел кај станбените згради на влезот во Охрид

DSCN0901

Акција кабаст отпад У.З.1 „Стар Град„ 05.09.2015 год.(сабота)

Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.

               Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Хортикултурно уреден плоштадот кај музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило„ го уредија хортикултурно новиот плоштад кај музичкото училиште „Методи Патчев„. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет.

Се уредија зелените површини на  влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на ул.„Булевар Туристичка„ и „Јане Сандански„: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување,  декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки.

minimar2

Се формираа зелени појаси околу дрворедот по ул.„Булевар Туристичка„ каде се формираа цветни леи со претходно поставен систем за наводнување на принципот „капка-по-капка„ и поставени се железни огради.

minimar1

minimar3

Поставени се стилски дрвени жардињери каде се засадени зимзелени борчиња и ниски грмушки околу нив.

minimar5

Околу фонтаната е нанесен плоден слој од земја и засадено е сезонско цвеќе.

minimar4

 DSCN08591

 

 

Се расчистуваше во Св.Стефан,Горица 3, Елшани и Пештани

Екипите на „Јавна хигиена„ денес го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3„ -паркинг просторот и пристапните патеки. Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)

gorica

Исто така расчистен е просторот во нас.Сфети Стефан, тревниот дел на потегот  опфатен со магистралниот пат Охрид-Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат.

DSCN0823

По силното невреме кое го зафати источниот дел од охридското крајбрежје во саботата, нашите екипи три дена ги расчистуваа наносите од земја, песок и чакал по јавните површини во с.Пештани, а денес се расчистуваше во с.Елшани.

elsani

Пред почетокот на охридскиот пливачки маратон, во текот на утрешниот ден 3 комунални работници ќе го расчистуваат пристаништето во Свети Наум. Од езерските води околу пристаништето ќе се расчисти натрупаниот отпад, ресата и трската. 

Се средуваат школските дворови

Ј.П.„Охридски Комуналец„ традиционално пред почетокот на школската година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу школските дворови. Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови.

Се изврши темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на О.У.„Климент Охридски„ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој реон.

daljan1

daljan2

Од активностите на „Охридски Комуналец„

По налог на општинскиот инспекторат е извршено расчистување на речното корито на р.Велгошка по нејзиното течение во с.Велгошти. Речното корито е расчистено од дивата вегетација и  наносите од натрупан разновиден комунален отпад.

velgosti

Завршено е реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„ до централната градинка „Јасна Ристеска„, останува да се заврши потегот до пресекот со ул.„Јане Сандански„.

dimvlah1

Екипите на „Паркови и зеленило„ ги заменуваат цвеќата во парковските површини со нови цветни расади кои ќе ги красат парковите во есенскиот период. Но многу често се соочуваме со проблеми на крадење на штотуку засадените садници или намерно оштетување на истите.

Така беше и утрово кога по јавните пешачки површини на градскиот плоштад беа расфрлани оштетни садници.

cveke1

кружна сообраќајница на ул.„Булевар Туристичка„ пресек со ул.„Бистрица„

DSCN0739

замена на цветен расад кај кружната сообраќајница на ул.„Булевар Туристичка„ пресек со ул.„АСНОМ„

DSCN0712

                  замена на цветниот расад во градскиот парк

DSCN06971

Продолжува уредувањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„

Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лигуструми по ул.„Димитар Влахов„ која добива нов лик со поставување на украсни штитници околу секое стебло, околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија„. Во првата фаза се поставува  систем за наводнување на принципот „капка по капка„,  а потоа следи хортикултурното уредување.

dimvlah

Овие активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2015 год. во која беше опфатено  реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„. Во месец јуни се започна со уредувањето на потегот од општинската зграда до пресекот со ул.„Македонски Просветители„ каде се уредени 40 стебла од дрворедот, а сега се уредува потегот од општинската зграда до централната градинка „Јасна Ристеска„. На овој потег ќе се уредат 10 стебла, а во наредниот период ќе биде опфатени  преостанатите 30 стебла на  потег до пресекот со ул.„Јане Сандански„.

DSCN01152

Јавното зеленило тековно се одржува

Парковските површини екипите на „Паркови и зеленило„ секојдневно ги одржуваат и вршат санација на оштетните и деградирани садници. Се засадува нов цветен расад во паркот на градскиот плоштад и кејот  чии цветови ќе ги красат парковите до доцна есен. 

cveka

Согласно Програмата за одржување на јавно зеленило за 2015 год., се коси тревата и се отстранува жбунестата вегетација покрај пешачките патеки и коловозите како во централното градско подрачје, така и во приградските населби.

Денес се средуваше пешачката патека покрај каналот „Студенчишта„

studencista

а во изминатите денови се уредуваше јавното зеленило во УЗ.14 „Радојца Новичиќ„

prilepska

се коси тревата околу   ул.„Прилепска„

Во продолжениот викенд Комуналец максимално ангажиран

Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена„ и „Услужна хигиена„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и  ангажираност на расположивата механизација и ресурси. Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот. Дневно беа подигани и депонирани на депонија „Буково„  по  1.500 м3 отпад.

Нашиот фотообјектив ја евидентира состојбата со која се справуваа нашите служби на различни локации: 

1.ви август утрински часови   

kej1

                                                  градски кеј

stargrad

                                             стар дел од градот

carsija

                                                                  градска чаршија

partizanska

                                                                   ул.„Партизанска„

park1vi

park1vi2

            плажа „Парк„  по одржаниот концерт на 31.07.2015год.; плажата е вратена во првобитна состојба согласно договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец

pateka1

pateka2

      пешачка патека после каналот Студенчишта после многубројните концерти одржани ноќта на 31.07.2015 год.            

 

2.ри август утрински часови   

colic1

colic2

                стадионот „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на 01.08.2015 год.  расчистен по договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец

park2ri

 плажа „Парк„  по одржаниот концерт на 01.08.2015 год:плажата е вратена во првобитна состојба согласно договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец

Секојдневно се чисти алгата од кејот, расчистен патот до Рамне

Екипите на „Јавна хигиена„ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј. Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се  вшмукува од езерските води. Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.

 kej

Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патниот правец од населба Видобишта до с.Рамне. Ангажирани беа 4 работници кои извршија косење на тревата околу коловозот, ја отстранија жбунестата вегетација и надвиснатите гранки.   

ramne1

ramne2