Category Archives: АКТУЕЛНО

Активности пред предстојниот празник “Богојавление”

ЈП “Охридски Комуналец” денеска започна со уредување на центрaлното градско подрачје поточно потегот околу градското пристаниште по повод предстојниот празник “Богојавление”. Се изврши китење на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња како и украсување на бродовите и канделабрите со бршлен и зеленика.
Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник.

Исто така во градскиот парк во близина на рибниот ресторан старите корпи за ситен отпад беа заменети со 10 нови корпи.
ЈП “Охридски Комуналец” овие денови ќе обрне посебно внимание согласно потребите на хигиената како услужна така и јавната со цел презентирање на Охрид во подобро светло пред предстојните гости кои се најавени во поголем број.

FotorCreated-600-450

 

FotorCreated3

Среќни новогодишни и божиќни празници

Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2015 год.

Во претстојната 2015 год. нашите сервисни услуги ќе се во служба на нашиот краен корисник „Граѓанинот„ со зголемување на степенот на одржување на јавната чистота, јавното зеленило  и услужната хигиена.            

NOVAGOD2015

Од активностите на Комуналец во зимски услови

 Поради снежното невреме кое го зафати охридскиот крај, Ј.П.”Охридски Комуналец” од вечерните часови е на терен и го расчистува снегот од коловозите и тротоарите. Расчистувањето на коловозите се врши со расположивата механизација, додека за расчистување на тротоарите и непречено движење на пешаците ангажирани се вработени од сите јавни претпријатија во Охрид: Ј.П.”Нискоградба”, М.Ј.П.”Проаква”-Охрид, Ј.П.”Градски Гробишта”, С.Р.Ц.”Билјанини Извори” и Територијалната противпожарна единица-Охрид . Мобилни се и екипите на “Паркови и зеленило” кои имаат полни раце работа . Влажниот снег со својата тежина допринесе на многу места во градот да се скршат гранки од дрвја. Ситуацијата на терен постепено се санира, прво се расчистуваат новите дрвореди по ул.”Димитар Влахов” и “Партизанска”, а се пристапи и во расчистување на паднатите гранки по патните правци кон Свети Стефан, кон Лескоец и во страиот дел од градот. Дежурните екипи и понатака остануваат во мобилна состојба.

FotorCreated55

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува сите граѓани и правни субјекти од Општина Охрид, дека согласно Законот за Јавна чистота во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти како би обезбедиле непречен пристап по тротоарите, коловозите и до објектите. Секое непочитување на Законот за јавна чистота може да биде санкционирано.

Комуналец на терен по првиот снег

Со започнувањето на снежните врнежи, мобилните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец„ синоќа веднаш излегоа на терен. Ангажирани беа два камиони со епоха кои по коловозите посипуваа сол и ризла, а по потесните улици се делуваше со трактор. Опфатени беа сите улици кои според програмата за зимско одржување им е дефиниран приоритет со цел непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. До раните утрински часови употребени се 30 м3 сол и ризла.

sl1

sl1

 

Нашите дежурни служби ја пратат временската ситуација и најавите за нови снежни врнежи со цел што поефикасно и поажурно да се делува на целата територија на општина Охрид.

 

 

 

Комуналец спремен пред првиот снег

Следејќи ја временската  прогноза и најавите за снежни врнежи и ниски температури, Ј.П.”Охридски комуналец” е подготвен за подобро функционирање во зимски услови.   Сoгласно задолженијата кои ги има и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2014/2015 год.„ , екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет. Деновиве превентивно се посипани уличките во стариот дел од градот со абразивни средства.

2312202

 

Се расчистува речно корито на р.Сушица и генералка на ул.„Железничка„

По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од ул.„15.ти Корпус„ до „Отпад„. Ви изминативе три дена речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на реката.

  FotorCreated3jpg

Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена„ денес и утре ќе ја расчистуваат детално ул.„Железничка„ по целата нејзина должина. Ангажирани се 10 работници кои ги одстрануваат наносите од песок и земја покрај граничниците од коловозните ленти и ги метат јавните пешачки површни.

Акција за зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 13.12.2014 год.(сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ„.

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

        Оваа акција е последна акција согласно годишниот календар за 2014 год.

Акција за зелен отпад „Видобишта„ (06.12.2014 год.-сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта„ .

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Во календарската 2014 год. останува да се реализира уште акцијата за зелен отпад на 13.12.2014 год. во У.З.14 „Радојца Новичиќ„ .

Активностите на јавна хигиена прилагодени на 8.мо декемвриските празнувања

Деновиве активностите на екипите на „Јавна хигиена„ се прилагодени согласно свеченостите кои ги организира општина Охрид по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид Свети Климент Охридски. Организирани се дежурни служби со посебен режим на работа за одржување на повисок степен на хигиена на локациите каде во следните пет дена ќе се реализира свечената програма. Се расчистуваат пристапните патишта до Плаошник, градскиот плоштад и другите локации. Клупите околу споменикот на Свети Климент Охридски ќе светнат во нов сјај и плочникот ќе биде детално исчистен од залепените гуми за џвакање.

FotorCreated11

Ден на дрвото-засади ја својата иднина

Ј.П.„Охридски Комуналец„ , како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавните парковски површини, дрвореди и скверови на територијата на општина Охрид, активно се вклучи во акцијата Ден на дрвото-засади ја својата иднина.

Активно се вклучивме во традиционалното одбележување на оваа акција каде Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претседателката на Советот Гордана Коњаноска, директорите на јавните претпријатија и раководители на општински сектори, симболички засадија зимзелени садници во градскиот парк.

 FotorCreated1

Вработените од „Паркови и зеленило„ ја потпомогнаа акцијата со распределување и доставување на садниците кои ги донира Ј.П.„Македонски Шуми„ до сите воспитно-образовните институции: градинки, основни и средни училишта. Вкупно 300 садници од видовите бреза, јасен и аризонски чемпрес денеска ќе никнат во школските дворови и ќе ја разубавуваат околината на нашите најмлади сограѓани. Така симболички со растот на садниците ќе расте и свеста на младата популација за здрава животна средина.

 Во с.Рача се засадија садници околу  новиот плоштад

 IMAG06961

Денот на дрвото-засади ја својата иднина ја одбележаа и вработените од „Заеднички Служби„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ кои заедно со Директорката во дворот на претпријатието засадија 20 зимзелени садници од видот „туја„ од сопствено производство.

 FotorCreated2

Од активностите на „Паркови и зеленило„

Во изминатава седмица продолжија активностите на засадување на есенско-зимскиот цветен материјал по градските зелени површини. Во градскиот парк се оформуваат цветни катчиња со складен колоритет и визуелен естетски изглед. Засадените садници од видот виола-оче ќе ги освежат парковите и во поладните денови, благодарение на издржливоста на пониски температури.

 IMAG06661

IMAG06701

Како доминантна активност на „Паркови и зеленило„ во овој период е секојдневното собирање на паднатиот лист од сите зелени површини во градот, при што дневно се подигаат околу 12 м3 паднат лист само од зелените површини.

IMAG06731

Завршено и уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул.„Македонски Просветители„ (од двете страни на улицата), каде е извршено поткастрување, сечење и уредување на крошните од липи.

IMAG06801

Акција за зелен отпад У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ 29.11.2014 год.(сабота)

 

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.