Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за зелен отпад Македонски Просветители-Партизанска-Димитар Влахов-Кеј Маршал Тито-Охридати

            Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители„, „Партизанска„, „Димитар Влахов„, „ Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Пролетни акции на повеќе локации во градот

Екипите на “Јавна Хигиена” оваа недела реализираат голем број активности за пролетно дотерување на градот.

По градскиот кеј и паркот се врши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад.

 

Photo0517 

Photo0518

Во целата должина на “Булевар  Туристичка” темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обраснатата трева, натрупан песок, земја и друг вид отпад.

Photo0530

Друга локација на која интензивно се работи деновиве е стариот дел од градот  каде се врши косење на тревата на градското кале.

Photo0525

Сите овие активности се одвиваат согласно Програмата за работа за 2013 год. со цел подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.

Акција за зелен отпад „Стар Град„ (06.04.2013 год.-сабота)

Со цел да им излеземе во пресрет на потребите на граѓаните на општина Охрид, во секоја сабота од месец  април ќе организираме акции за подигнување на зелен отпад, а саботите од месеците мај и јуни  се резервирани за подигнување кабаст отпад. Овие акции ќе се одвиваат согласно испланираниот годишен календар за 2013 год.         

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од населбаСтар Град .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Украдени јапонски цреши од „Паркот на пријателство„

Од новиот „Парк на пријателство„ кој се наоѓа на пешачката патека до Горица украдени се 3 садници од видот јапонска цреша. Засадените дрвја беа од специфичен и редок примерок на јапонски цреши и лесно можат да се препознаат. Се надеваме дека надлежните органи ќе го расветлат случајов.

Рекордни количини отпад на кејот

Силниот ветер од јужен правец кој дува од синоќа, донесе нови рекордни количини отпад на градскиот кеј. Ангажирани се 20  вработени кои од 4.00 часот рано утрово се на терен и во речиси невозможни услови, под силниот налет од бранови и ветар, ги расчистуваат наносите од отпад. Натрупаниот отпад утрово е во рекордни количини и досега се подигнати околу 80 м3 отпад.

Ангажирано е и специјално возило ИЦБ, како и 3 камиони за утовар и транспорт на отпадот 

Со оглед на најавите за продолжување на неповолните временски услови проследени со силен ветар, остануваме мобилизирани.

 

Што носат езерските води попладнево?

Претпладнево на нашиот веб-сајт беа објавени фотографии за вонредните активности кои ги имавме околу расчистување на градскиот кеј и пристаниште од натрупаниот отпад кој беше исфрлен од езерските води во изминатите два дена. А веќе поладнево нови слики со нови енормни количини отпад кои со себе ги носат езерските води, за кои нашите работници ги очекува полни раце работа и вонреден ангажман.

Што регистрира нашата камера ова попладне: 

 

 

 

Подигнати 40 м3 отпад од кејот

Изминативе два дена, заради временските услови проследени со силен ветер, екипите на Јавна хигиена вонредно го расчистуваа кејот и пристаништето од енормни количини отпад. Во текот на вчерашниот ден подигнати се пет тури отпад, а денеска нашите екипи од раните утрински часови (5.00 часот) се на терен и подигнати се 10 тури отпад, или вкупно 40м3. За составот на отпадот коментар не е потребен, сликите зборуваат сами, но загрижува негрижата и незаинтересираноста на надлежните институции под чии ингеренции е заштитата на Охридското Езеро.

 

 

Денеска стартуваше „Охрид-град на цвеќето 2013„

Како што претходно најавивме, денеска  беше означен стартот на проектот „Охрид-град на цвеќето 2013„. На потегот од градскиот плоштад до х.Палас беа засадени околу 2.000 садници сезонско цвеќе од видот виола (во народот познати како очиња)  и дијантус (каранфилчиња) . Во текот на наредната недела ќе се продолжи со реализација на проектот со кој пролетно ќе бидат освежени парковските решенија на кружните текови и други локации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Акција за чистење на патниот правец Косел-Ливоишта

По барање на месното население од село Вапила,  Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе акција за расчистување на расфрлан отпад покрај патниот правец Косел-Ливоишта. Иако овој патен правец е магистрален пат за чие одржување е надлежен „Македонија Пат„ , во интерес на граѓаните, со цел да излеземе во пресрет на нивнте барања, пристапивме кон расчистување на овој потег. Ангажирани беа 10 работници и подигнати се 50 вреќи отпад (најзастапена: пластика, хартија и зелен отпад).

 

 

 

 

Старт на “Охрид-град на цвеќето 2013 год.”

По успешно спроведениот  проект “Охрид-град на цвеќето 2012 год.” оваа година продолжуваме со реализација на “Охрид-град на цвеќето 2013 год.”. На 02.03.2013 год. (сабота) во 12,00 часот ќе биде означен стартот на овогодинешниот проект, на потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до х.„Палас„ , со засадување на саден материјал од годинешната реколта од сопствено производство.

“Охрид-град на цвеќето 2012 год.” се покажа повеќе од успешен: се реализираа голем број хортикултурни решенија и нови зелени катчиња, се анимираа правните субјекти  и физички лица за уредување на своите тераси, дворови со наша стручна помош и саден материјал и се доделија 350 жардињери со сезонско цвеќе. На овој начин индиректно станавме и туристички промотори на Охрид, а беше организирана и хуманитарно-продажна изложба со кај се донираа средства за нашите најмали сограѓани од Детската градинка „Јасна Ристеска„. Во оваа насока продолжуваме и во 2013 год. со реализација на многу нови парковски решенија и цветни катчиња.