КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

Овој Сектор претставува организациона, работна и техничко-технолошка целина во која се извршуваат следните видови работи: депонирање на комунален цврст отпад; депонирање на технолошки отпад; по отреба депонирање на отпадоците што се создаваат со изведување на градежни, индустриски,
преработувачки и занаетчиски работи кои немаат својство на комунален цврст отпад и технолошки отпад; одржување на јавната чистота во изведување на градежни, индустриски, преработувачки и занаетчиски работи кои немаат својство на комунален цврст отпад и технолошки отпад; одржување на јавната чистота воградски и други населби;
одржување на Депонијата “Буково”; чистење на септички јами; одржување на комунална опрема и инвентар за комуналната хигиена; одржување на јавни вц-а и нивна дезинфекција и други работи. Овој Сектор е организиран во Одделенија “Услужна Хигиена”, “Јавна Хигиена” и “Депонија”.