Category Archives: АКТУЕЛНО

Расчистен потегот Св.Богородица Каменско до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„

Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско  до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„ . Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м3 отпад . Овие вонредни активности  ги спроведуваме по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.

IMG106041

 

IMG106011

 

IMG106031

Засадени 30 бадеми во близина на Горна Порта

Благодарение на поволните временски услови  Ј.П.Охридски Комуналец секојдневно е на терен на повеќе локации во градот и пошироката околина, реализирајќи го проектот зацртан од Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, за создавање нови 40 зелени катчиња, кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град. Денеска во присуство на Градоначалникот Никола Бакрачески, пратеникот Александар Николоски, Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, Директорката на Ј.П.„Охридски Комуналец„, Елена Скрческа, претставник од фирмата Левидиа Дооел., Јасмина Луканова и др., се уредуваше зацртаното зелено катче во близина на Горна Порта , каде заради зачувување на автентичноста на просторот беа засадени 30 садници бадеми, донација од фирмата Левидиа Дооел. Во наредниот период во ралмките на донацијата ќе бидат засадени уште 150 садници бадем по охридското Кале.   

 IMAG01991

IMAG02011

 

IMAG01931

 

IMAG01941

Хортикултурно уреден просторот кај крстосницата „Питу Гули„-„Марко Нестороски„

Според утврдената динамика од страна на општина Охрид за создавање  40 нови зелени катчиња на целата територија на општина Охрид,  Ј.П.Охридски Комуналец хортикултурно го  оплемени новоуредениот простор кој се наоѓа во УЗ.Горна Влашка Маала, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули„ и „Марко Нестороски„. Засадена е трева, 150 сезонски цвеќа и 30 декоративни садници.

 

IMAG01821

 

IMAG01861

 

IMAG01871

 

IMAG01851

Комуналец го санираше зеленилото од приватните имоти по „Марко Цепенков„

Во одржувањето на јавното зеленило по јавно-прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имоти се шират на јавните пешачки површини и сообраќајниците.

По налог на Општинскиот инспекторат се санираше состојбата на пешачката патека по ул.„Марко Цепенков„ на потегот од кружниот тек на ул.„Питу Гули„ до месноста „Стобекс„. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и ја попречуваа видливост на сообраќајните знаци.

IMAG01701

IMAG01721

IMAG01711

Упатуваме апел до граѓаните дека се сами должни да го одржуваат зеленилото на своите имоти кое не смее да преминува на јавна површина и дека согласно  Законот за јавна чистота овие дејствија подлежат на ригорозни казни.  

Хортикултурно се дотерува „Булевар Туристичка„

Во текот на оваа работна недела екипите на  „Паркови и Зеленило„ вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка„. Оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси  тревниот дел вдолж оваа сообраќајница на потегот од крстосницата кај Градскиот пазар до месноста Петља.

IMAG01651

Подигнати 30м3 муљ во близина на Холандскиот Парк

По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк).  Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини муљ, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м3 муљ и друг вид отпад. Оваа активност ја спроведуваме согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.

IMG105911

IMG105901

Расчистена локација на „Булевар Туристичка„ запоставена од сопствениците

Во одржувањето на јавната чистота на јавно-прометните  површини кои согласно законот за Јавна чистота се точно дефинирани и истите треба да ги одржува Ј.П.„Охридски Комуналец„ , секојдневно се соочуваме со проблеми кои произлегуваат од создавањето  мини-депонии на приватни имоти. Овие мини-депонии се наоѓаат на многу фреквентни локации и претставуваат грда слика и опасност  за сите граѓани. Денеска по налог на Општинскиот инспекторат се расчистуваше локацијата која е во приватна сопственост, (просторот беше целосно запоставен од сопствениците), а се наоѓа покрај најфреквентната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ , во близина на градскиот пазар.

IMG105831

IMG105861

 

Подигнати се енормни количини зелен и расфрлан комунален отпад.

Нека Вашите дворови и тераси бидат цветни во секое годишно време

Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П.”Охридски Комуналец”  располага со голем асортиман саден материјал со кој на граѓаните им овозможуваме да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Во моментов покрај декоративните зимзелени, листопадни и украсни дрвја, располагаме и со цветен саден материјал од зимската и рано-пролетната цветна реколта.

Располагаме со садници од видот хибридна виола (очиња)  во одлична состојба и квалитет со разновиден колорит, потоа белис -перенис и каранфилчиња, кои се сега по намалени цени и пристапни за сите граѓани. Заедно со садниот материјал Ви нудиме и изработка  на идејни проекти  за уредување на  Вашите дворови.

IMAG01591

IMAG01581

IMAG01601

 

IMAG01571

 

IMAG01561

Ќе никнат 40 нови зелени катчиња

 По барање на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески,екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ дефинираа нови 40 локации за парковски решенија кои ќе бидат застапени во сите урбани заедници на општината. Желбата за чиста, здрава и зелена околина сега ќе им биде на дофат на сите граѓани преку оформувањето на овие катчиња во нивните дворови, населби и најблиската околина.

Во првата фаза би ги издвоиле следните локации: просторот околу Маларична, околу Т.Ц.„Гранит„ на „Булевар Туристичка„ , кај поранешниот т.н.„Мини-маркет„ , пресек „Булевар Туристичка„ и „Даме Груев„ кај „Тренд„ , влез „Проаква„ , „Никола Карев„ , влез Горна Порта, Сараиште, Саат Кула, поранешен наплатен центар на МРТ, во с.Пештани кај рибниот ресторан, с.Лескоец, с.Велгошти кај училиштето и градинката, просторот наспроти Противпожарната единица, социјалните згради на „Сирма Војвода„, инфо центарот на „Булевар Туристичка„ , пресек „Пере Тошев„ и „Булевар Туристичка„ , дворови на училиштата,  „Парк на пријателство„, „Скејт Парк„, „Мазија„ и др.

Денес е предвидено да биде завршено хортикултурното решение на парковскиот дел пред зградата „Ремис„ (позната како „кифла„). Тревниот  простор е обработен и уреден, а засадени  се 7 палми и 100  ружи.

IMAG01551

IMAG01541

Жардињерата на „Туристичка„ се обновува со нови садници

Бетонската жардињера која се наоѓа помеѓу коловозните ленти на „Булевар Туристичка„ хортикултурно се дотерува. Сите оштетени садници на потегот од крстосницата кај гимназијата до крстсницата кај градскиот пазар се отстрануваат, земјената подлога се обработува и се засадуваат нови садници. Планирано е на овој потег да се засадат околу 60 нови садници од зимзелени и украсни видови кои на сообрќајницата ќе и дадат подобар естетски изглед, а во исто време нема да претставуваат  пречка во одвивањето на сообраќајот.

 IMAG01521

IMAG01531