Category Archives: АКТУЕЛНО
Се расчистува езерската алга покрај градскиот кеј
Од 22.07.2013 год.(понеделник) екипите на „Јавна хигиена„ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се превзедоа активности за расчистување на истата. Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.
Комуналец секојдневно на терен и во приградските населби
Во периодот од 24.06.2013 год. до 06.07.2013 год. се изврши генерално косење на селата и приградските населби во општина Охрид, каде беа опфатени селата Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, н.Исток, Св.Стефан, Рача, Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Велестово, а со цел да се олесни понатамошното одржување на хигиената.
Имајќи во предвид дека туристичката сезона е во полн ек Ј.П.”Охридски Комуналец” со својата организациона поставеност внесе новитет во работењето со тоа што ангажира лица за одржување на хигиената и плажите по целото крајбрежје :
* секојдневно во: с.Трпејца, с.Пештани, Лагадин и Св.Стефан;
* еднаш неделно во: с.Љубаништа, Коњско, н.Исток и Елшани.
Заради наметната потреба од повисок степен на одржување на хигиената и големиот број на манифестации кои се одржуваат во с.Велгошти, секојдневно се третира ова подрачје. Во селата Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Орман динамиката на одржување на хигиената е еднаш неделно.
Се оствари средба со претставници од М.З.Велестово и јавното претпријатие им излезе во пресрет на нивните барања за косење, чистење и поставување на контејнери на пристапни локации.
Нападнати вработени од Комуналец
Утрово околу 6.15 h двајца вработени во „Јавна Хигиена„, извршувајќи ги своите секојдневни работни обврски се нападнати од страна на две непознати лица. Едниот работник е нападнат на ул.„Никола Карев„ пред маркетот „Стоп Шоп„, а потоа насилниците бегајќи го пресретнале другиот работник кој ги празнел корпите за ситен отпад на ул.„Булевар Туристичка„ , во близина на Гимназијата, па го нападнале и него. Вработените од силните удари се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Охрид, каде им е укажана лекарска помош.
Случајот е пријавен во СВР-Охрид и очекуваме брзо пронаоѓање на насилниците и соодветни санкции.
Се расчистија 4 диви депонии во Св.Стефан
Ј.П.Охридски Комуналец спроведе акција за расчистување на диви депонии на четири локации во нас.Свети Стефан (од плажа ‘Горица 3’ до поранешната детска болница). И оваа акција се спроведе по налог на Комуналната инспекција и се расчистуваше градежен шут, зелен отпад и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги деградирале горе наведените локации. Ангажирана беше специјална механизација, 4 работници и подигнати се околу 30 м3 отпад.
Во интерес на туризмот и граѓаните, ниската еколошка свест на поединци, не смее да го нарушува имиџот кој го негува Охрид како наш најпознат туристички центар.
Ќуповите за жал завршуваат во езеро
Веќе подолг период поголема група од деца го деградираат градскиот парк на потегот од х.Ројал до х.Милениум. Овој потег е хортикултурно уреден од страна на екипите на „Паркови и зеленило„ , засадено е сезонско цвеќе, украсни дрвца и поставени се декоративни земјени саксии. Но децата играјќи го злоупотребуваат просторот, ја оштетуваат тревата, ги кршат цвеќињата и дрвцата, а недоличното однесување кулминира со фрлање на ќуповите во езерските води.

Упатуваме апел до граѓаните, посебно до младата популација, парковите се „душата„ на градовите и истите треба да се сакаат и негуваат, а не да се уништуваат.
За надминување на проблемот Ј.П.Охридски Комуналец побара асистенција од МВР.
Запуштената локација на “Партизанска” расчистена
По реакции на жители кои живеат во близина на оваа локација, а по претходно добиен налог од Комуналната инспекција, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” пристапија кон расчистување на просторот кој се наоѓа на ул.”Партизанска”, на потегот меѓу црквата “Св.Никола” и ФТУ-Охрид.
Просторот кој е во приватна сопственост беше целосно запоставен, целиот обраснат со трње, високи треви и коров.

За расчистување на просторот се работеше 3 дена, беа ангажирани 10 работници и специјална механизација. Извршено е отстранување на трњето, отстранети се сувите гранки, уредени се крошните од дрвјата и потоа со специјална механизација е израмнета земјата.


Реализирана акцијата за чистење на локалитетите од ,,Охридско лето,,
Ј.П.Охридски Комуналец веќе ја информираше јавноста дека во соработка со Н.У.„Охридско Лето,, од понеделникот започна акција за расчистување на локалитетите каде ќе се изведува уметничката програма на овој реномиран фестивал. Во рамките на акцијата се изврши етапно чистење на дворот од катедралнта црква Св.Софија, поширокиот реон од античкиот театар, летната сцена на Долни Сарај и дворот на О.У.,,Св.Климент Охридски,,.
Локалитет Плаошник
двор на црква ,,Света Софија,,
Се расчистуваат локалитетите каде ќе се изведува “Охридско лето”
Со цел што подостојно да го претставиме Охрид пред светската јавност пред почетокот на најзначајниот културен настан “Охридско лето”, Ј.П.Охридски Комуналец спроведува широко-опфатна акција за чистење на локалитетите во стриот дел од градот каде ќе се изведува уметничката програма. Етапно се чистат локалитетите: Долни Сарај, Антички театар, Света Софија, дворот на О.У.Климент Охридски, пристапните патеки и сокаци. Се расчистува отпадот, хортикултурно се средуваат зелените површини и се метат јавните површини.
Акција за кабаст отпад нас.Црногорци 22.06.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.06.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Црногорци„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Средување на приградските населби и плажи
Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид заедно со локалната самоуправа спроведе акција за чистење и средување на приградските населби и плажите кои не се дадени на концесија. Со акцијата се спроведува косење, метење и отстранување на комунален отпад.
Денес четврток 13.06.2013 се врши косење и чистење во Лагадин на плажите кои не се дадени на концесија на потегот од хотел Лагадин до автокампот Елешец.
Во предходните денови на 11.06.2013 се изврши средување на селото и плажите во с.Трпејца, а на 12.06.2013 во с.Пештани.
Во наредните денови ќе се изврши изврши уредување во с.Елшани,Лагадин,с.Коњско,нас.Исток,Св.Стефан и Рача.
Со лицата кои ќе бидат сезонски ангажирани за одржување на јавната чистота ќе можe полесно да се одржува високиот степен истата.
Акција за кабаст отпад Видобишта 15.06.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 15.06.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Видобишта„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Акција за расчисување во соработка со комуналната инспекција
Акција на Ј.П. “Охридски Комуналец” во соработка со комуналната инспекција за расчистување на територијата на Општина Охрид денес на ул.Галичица и ул.Мирче Ацев.
Се молат граѓаните во иднина одлагањето на градежниот шут да го пријават во Ј.П. “Охридски Комуналец” како би се спречило создавање на грда слика за градот.
















































