Category Archives: АКТУЕЛНО
Се расчистуваа делниците до Подмоље, Св.Стефан и Орман
Екипите на „Јавна хигиена„ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел.
На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др.

На потегот Хидробиолошки Завод-нас.Свети Стефан (кај тунелот) за расчистување на најразличните отпадоци ангажирани се 4 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 30 вреќи отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патот до с.Орман (потег „Булевар Туристичка„ до с.Орман) од гранки и друга жбунеста и дива вегетација со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.
Расчистување на “Градска Плажа”
Денеска започна расчистување на “градска плажа” на потегот од хотел “Мизо” до калето. Ангажирани се 6 работници и трактор за превоз на собраниот отпад. Сe врши собирање на расфрлан отпад од несовесни граѓани по должината на плажата и отпад донесен во сливот на река “Грашница” насобран по целото течение. Подигнат е најразличен отпад, комунален, пластични шишиња, најлонски ќеси, лименки и друго во количина од 3-4м3.
Акција за зелен отпад „Македонски Просветители„, „Партизанска„, „Димитар Влахов„, „Кеј Македонија„ и населба „Охридати„
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 11.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„, „Партизанска„, „Димитар Влахов„, „Кеј Македонија„ и населба „Охридати„.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Се уредуваат парковите и зелените површини во Охрид
Ј.П. “Охридски Комуналец” продолжува со уредување на парковите и зелените површини на територија на општина Охрид.
Во градскиот парк се врши замена на стариот чакал со нов. Се изврши косење на паркот и кружниот тек на ул. “Јане Сандански” а исто така и косење на зелената површина пред зградата наспроти “Охридска Банка” на булевар “Туристичка”.
Отпочнува редовно миење на улиците
Од вчера се врши миење на улиците во градот и приградските населби со возило “Цистерна”. Во наредниот период ќе се продолжи со миење на улиците со динамика која ќе зависи од временските услови.
Екипите на Р.Е. “Јавна Хигиена” надвор од редовните обврски извршија метење и миење на улици во населба “Св. Стефан” и метење во с.Подмоље.
Се поставија и 2 корпи за ситен отпад кај автобуската постојка кај зградата “Печијаре” . Се упатува апел до жителите кои живеат во околината да не ги користат овие канти за одложување на отпад од домаќинствата.
Акција за зелен отпад У.З.1. „Стар Град„ (04.04.2015-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2015 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 04.04.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.1. „Стар Град„.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Расадени цвеќиња на влезот од Охрид
Се чистат паркинзите на регионалниот пат Охрид-Ресен
Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид, односно одделението за јавна хигиена во текот на денешниот ден, а по налог на Општинскиот инспекторат, пристапи кон чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен.
Имено се чистеа површините ( паркинзите) предвидени за одмор на патничките и моторните возила, од сметот што зад себе го оставаат некои од учесниците во сообраќајот, а притоа ја загадуваат животната средина.
Апелираме и се надеваме дека во иднина ќе проработи свеста и ќе се одлага сметот на соодветни места предвидени за таа намена.

Се расчистува месноста „Мазија„
Пролетни генералки во градот и околината
Во оваа работна седмица според планираните активности на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе се спроведе расчистување на јавните површини во приградските населби. Во текот на вчерашниот ден се расчитуваше расфрланиот комунален отпад (хартија, пластика и др) во с.Велгошти, месноста Навис и с.Љубаништа. Денес се расчистуваат селата Трпејца и Косел, а до крајот на седмицата ќе бидат опфатени селата на потегот до Пештани, Подмоље и Горно и Долно Лакочереј.
Клупите на градскиот плоштад и кејот се санираат и добиваат нова фарба
Темелно се расчистуваат пешачките патеки во градскиот парк и граничниците со отстранување на ниската вегетација
Мини-парковските содржини се освежуваат со засадување на цветни садници-очиња. Разубавен е мини-паркот околу споменикот на Коста Абраш кај Сараиште
По налог на општинскиот инспекторат расчистена е локација на ул.„Живко Чинго„ каде беше отежнато движење на возила и пешаци од надвисната ограда од пироканта.
Акции за расчистување „Горица 3„ и „Алтанин Мост„
И покрај континуираното спроведување на акции и кампањи за подигнување на еколошката свест на населението со цел да ја зачуваме околината од загадување и расфрлање на отпад чиј век на разградливост е многу долг, „Охридски Комуналец„ секојдневно се соочува со проблеми за подигнување на степенот на јавна хигиена.
Во прилог Ви презентираме каква беше состојбата со расфрлан отпад во близина на плажата „Горица 3„ -паркинг просторот и пристапните патеки , како и месноста „Алтанин Мост„ (потег „Булевар Туристичка„-с.Орман) .
Во близина на плажата „Горица 3„ -кај паркингот и во тревниот дел околу пристапните патеки собрани се 10 вреќи со комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)

Кај месноста „Алтанин Мост„ (потег „Булевар Туристичка„-с.Орман) собрани се 13 вреќи со комунален отпад
Расчистени „Ристо Чадо„ и „Железничка„, на Калето се санираат багремите
По налог на општинскиот инспекторат на ул .„Железничка„ (во близина на сообраќајната клучка „Петља„) расчистена е мини-депонија од расфрлан отпад од различен вид.
Детално се расчистуваше ул.„Ристо Чадо„ (потег „Стобекс„-„Здружение на возачи„) каде несовени граѓани во зелениот појас расфрлале комунален отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило„ ги санираат дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот од „Самоилови Тврдини„
Во шумскиот дел од Калето, покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта, се санираат багремови стебла и гранки и се отстранува жбунестата вегетација.
















































