Category Archives: АКТУЕЛНО
Парковите во ново летно руво
Градскиот парк и зелените површини во градот се разубавуваат во нови бои и цветни содржини. Новиот изглед на парковите каде се засадува новата летна цветна реколта ќе претставува препознатлива слика за Охрид во летниот и есенскиот период. Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум, импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др. Планирано е да се засадат околу 40.000 садници во градскиот парк и голем број зелени јавни површини во централниот и периферниот дел од градот.
Нов изглед добива и ул.„Димитар Влахов„ каде околу дрворедот од лагестремии се поставени украсни штитници, систем за наводнување на принципот „капка по капка„,, а околу дрвјата се засадуваат зимзелени грмушки и сезонско цвеќе.
По „Булевар Туристичка„ искршени канти за отпад
Изминатиот викенд по „Булевар Туристичка„ беа искршени пет канти за депонирање на ситен отпад.. Не изминаа 15 дена откако овие канти беа поставени од страна на Ј.П.„Охридски Комуналец„ во близина на автобуските постојки, детските игралишта и обрзовните нституции, а веќе голем дел од нив се оштетени или комплетно уништени.
Поради несовесноста, ниската култура и вандалско однесување голем број на јавни добра во градот намерно се уништуваат. Ваквиот однос не само што го нагрдува ликот на градот , туку не` принудува повторно да се трошат средства за поправка и поставување на нова инфраструктурна опрема. И овој пат ќе упатиме апел до сите надлежни институции за поголем ангажман и санкционирање на сторителите.
Акција кабаст отпад У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 30.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Акција за кабаст отпад У.З. 12 Гоце Делчев (нас.Бараки)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се уредуваат зелените површини во приградските населби и градот
Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата трае континуирано оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната седмица. Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која попречува во нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше с.Лескоец, денес Горно Лакочереј, во текот на утрешниот ден Горно Лакочереј, во петок Косел, а во сабота Велгошти.
Пред престојниот верски празник се расчистуваше и патот кој води до црквата „Свети Спас„ во Горно Лакочереј, како и просторот околу црквата.
Во градскиот парк се засадува нов цветен расад
Акција за кабаст отпад У.З. 8„Билјанини Извори„ 16.05.2015 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8„Билјанини Извори„
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Генералка на „Булевар Туристичка„
Екипите на Јавна хигиена деновиве интензивно работат на уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка„, вдолж целата должина. Од двете страни на булеварот, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се расчистуваат одливните шахти. Ангажирани се 6 општи комуални работници, а активностите ќе се одвиваат етапно во следните три дена.
Нови канти долж „Булевар Туристичка„
Акција за кабаст отпад „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„ и нас.„Охридати„ 09.05.2015 год
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„ и нас.„Охридати„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Парковите блескаат во полн сјај
Пролетта е период кога зелените површини блескаат во полн сјај, а климатските услови се најповолни за зелената вегетација и сезонските цвеќа. Така и зелените површини во градот ја имаат онаа карактеристична зелена боја на пролетта, прошарани со декоративни грмушки во разни нијанси, расцветани дрвја и сезонски цвеќа во најразличен колорит.
Посебно во овој период пленат со убавина јапонските цреши кои се засадени на градскиот плоштад
Екипите на „Паркови и зеленило„ се ангажирани во тековно одржување: се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни површини, а заради неочекуваните високи температури и системите за наводнување се користат со зголемен интензитет.
Оваа работна седмица се врши и тековно одржување на бетонската жардињера на ул.„Железничка„ каде се отстранува дивата вегетација, а оштетените садници се заменуваат со нови.
Комуналец максимално ангажиран ПРЕД-ЗА-ПО „1-ви Мај„
Заради огромниот број на домашни и странски туристи кои во Охрид престојуваа за време на првомајските празници, Ј.П.„Охридски Комуналец„ вонредно ја ангажира својата оператива, а подигнувањето на отпад на фреквентните локации се зголеми како во летната туристичка сезона -3 пати на ден. Екипите на „Јавна хигиена„ и „Услужна хигиена„ акцент ставија на стариот дел од градот, реоните каде се сконцентрирани викенд-становите, како и викенд населбите и излетничките локалитети.
Спремни ги дочекавме многубројните гости со акциите кои ги реализиравме пред „1-ви мај„. Со овие акции се расчисти крајбрежниот појас на плажите кои не се дадени под концесија . Но за жал, по празнувањето повторно исплива на површина ниската свест на поединци кои на плажите ги заборавија остатоците од догорената скара, пластичните шишиња, картонската амбалажа, најлон кеси и др.
Денес четворица комунални работници беа ангажирани за расчистување на плажата во с.Трпејца , како и пристапните улички, од каде се подигнати 3 м3 разновиден комунален отпад, а заради специфичноста на теренот беше ангажиран и чамец за транспорт на собраниот отпад.
Во следните денови повторно ќе се расчистуваат и другите туристички населби.
Акција за кабаст отпад У.З.1 „Стар Град„ 02.05.2015 (сабота)
Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците мај и јуни ќе ги реализира акциите за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота во различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.





































