Category Archives: АКТУЕЛНО
Продолжува уредувањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„
Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лигуструми по ул.„Димитар Влахов„ која добива нов лик со поставување на украсни штитници околу секое стебло, околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија„. Во првата фаза се поставува систем за наводнување на принципот „капка по капка„, а потоа следи хортикултурното уредување.
Овие активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2015 год. во која беше опфатено реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„. Во месец јуни се започна со уредувањето на потегот од општинската зграда до пресекот со ул.„Македонски Просветители„ каде се уредени 40 стебла од дрворедот, а сега се уредува потегот од општинската зграда до централната градинка „Јасна Ристеска„. На овој потег ќе се уредат 10 стебла, а во наредниот период ќе биде опфатени преостанатите 30 стебла на потег до пресекот со ул.„Јане Сандански„.
Јавното зеленило тековно се одржува
Парковските површини екипите на „Паркови и зеленило„ секојдневно ги одржуваат и вршат санација на оштетните и деградирани садници. Се засадува нов цветен расад во паркот на градскиот плоштад и кејот чии цветови ќе ги красат парковите до доцна есен.
Согласно Програмата за одржување на јавно зеленило за 2015 год., се коси тревата и се отстранува жбунестата вегетација покрај пешачките патеки и коловозите како во централното градско подрачје, така и во приградските населби.
Денес се средуваше пешачката патека покрај каналот „Студенчишта„
а во изминатите денови се уредуваше јавното зеленило во УЗ.14 „Радојца Новичиќ„
се коси тревата околу ул.„Прилепска„
Во продолжениот викенд Комуналец максимално ангажиран
Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена„ и „Услужна хигиена„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и ангажираност на расположивата механизација и ресурси. Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот. Дневно беа подигани и депонирани на депонија „Буково„ по 1.500 м3 отпад.
Нашиот фотообјектив ја евидентира состојбата со која се справуваа нашите служби на различни локации:
1.ви август утрински часови
градски кеј
стар дел од градот
градска чаршија
ул.„Партизанска„
плажа „Парк„ по одржаниот концерт на 31.07.2015год.; плажата е вратена во првобитна состојба согласно договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец
пешачка патека после каналот Студенчишта после многубројните концерти одржани ноќта на 31.07.2015 год.
2.ри август утрински часови
стадионот „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на 01.08.2015 год. расчистен по договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец
плажа „Парк„ по одржаниот концерт на 01.08.2015 год:плажата е вратена во првобитна состојба согласно договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец
Секојдневно се чисти алгата од кејот, расчистен патот до Рамне
Екипите на „Јавна хигиена„ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј. Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.
Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патниот правец од населба Видобишта до с.Рамне. Ангажирани беа 4 работници кои извршија косење на тревата околу коловозот, ја отстранија жбунестата вегетација и надвиснатите гранки.
Расчистена плажата Лабино
Плажата Лабино која е лоцирана под пешачката патека која ги поврзува Св.Јован Канео и месноста Грашница е расчистена.
Во расчистувањето беа ангажирани 6 комунални работници кои извршија отстранување на ниската жбунеста вегетација и сечење на надвиснатите гранки од околните дрвја, со што се зголеми корисниот простор кој туристите можат да го користат за плажа. Потоа се собра отпадот (пластични шишиња, најлон-кеси, картонска амбалажа и др.) кој капачите го оставаат зад себе.
Полигонот расчистен, чаршијата се миеше со шмрк
Ј.П.Охридски Комуналец спроведе акција за темелно чистење на чаршијата со миење со шмрк и метење. Акцијата започна во 02.00 часот после полноќ и траеше до 07.00 часот утрово, а беше опфатен потегот од плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот до плоштадот кај споменикот Св.Климент Охридски. Ангажирани беа 3 вработени кои со шмрк извршија темелно миење на гранитните плочки по чаршијата, а потоа 4 метачи го собраа отпадот.
По барање на Ј.П.„Билјанини Извори„ кое стопанисува со паркинг-просторот на локацијата на поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, се расчисти целиот простор (паркинг локациите, поранешните трибини и околниот простор) каде се собраа големи количини комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и др.)
Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив
Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно. Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.
Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев„ хортикултурно се уредува од обраснатата трева , а крошните од дрвјата се уредени.
пред
Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури.
Чаршијата се чисти од гуми за џвакање
Екипите на „Јавна хигиена„ денес реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот. Акцијата се спроведе со почеток во 2.00 часот по полноќ, до 08.00 часот наутро, заради помала фреквенција на движење по чаршијата. Во одстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 5 комунални работници со специјални алатки.
Одржувањето на јавната чистота е континуиран процес кој обезбедува квалитетно чистење на јавните површини и отворените простори заради обезбедување на здрава и чиста животна средина. Во Законот за јавна чистота, меѓу другото, строго е забрането
– фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци
и истото се санкционира.
Се расчистува Стар Град пред почетокот на „Охридско лето„
Пред почетокот на културно-уметничката манифестација „Охридско лето„ Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализира акција за уредување и расчистување на стариот дел од градот. Се коси тревата во близина на сцената на Античкиот театар и летната сцена на катедралната црква Св.Софија. Сите пристапни улици и сокачиња се расчистени и искосена е тревата покрај коловозот на патот кој води од Втор Чинар до Горна Порта, од Горна Порта до ул.„Крум Точко„ и ул.„Илинденска„. За време на отворањето на фестивалот ќе бидат ангажирани дежурни екипи кои ќе делуваат на пристапните улици и околу Антички театар заради одржување на поголемо ниво на хигиена. 
Генералка во У.З.12.Гоце Делчев, се коси на Марко Цепенков, Мирка Гинова и Крум Точко
Екипите на „Јавна хигиена„ и „Паркови и зеленило„ на повеќе локации во градот ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило: генерално се чисти во У.З.12 „Гоце Делчев„ (населба „Бараки„), а се коси тревата покрај пешачките патеки и коловозот на ул.„Марко Цепенков„ , „Мирка Гинова„, „Крум Точко„ .
На ул.„Димитар Влахов„ каде естетски се уредува дрворедот од лигуструми, дел од неодамна засадените садници се украдени , а една од железните огради е турната со моторно возило. Намерното уништување на јавните добра не оди во прилог на граѓаните, па затоа апелираме на секој можен начин да се спречи деградирањето и уништувањето на истите.
Во Лагадин комуналниот отпад ќе се подигнува во вторник и петок
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во деновите вторник и петок. Граѓаните се должни да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.
Интензивно ангажирани на повеќе локации…
Хортикултурно е уреден кружниот тек помеѓу „Булевар Туристичка„ и ул„Бистрица„ каде се засадени зимзелени грмушки и цветен расад .
Наши екипи активно се вклучени во завршните зафати околу уредувањето на пешачката патека кон Горица каде се поставуваат клупи.
Темелно е расчистен и искосен „Паркот на пријателство„ лоциран на пешачката патека кон Горица.
Оваа седмица со косење и метење се опфатени селата: Лескоец, Косел и Велгошти , а наредната седмица ќе се опфатат Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Подмоље.
Екипите на „Јавна хигиена„ на 04.07.2015 год. (сабота) ќе спроведат акција за расчистување на комплексот Св.Наум по завршувањето на празнувањето на големиот верски празник , каде ќе бидат ангажирани 15 комунални работници.































































