Category Archives: АКТУЕЛНО
Акции за расчистување „Горица 3„ и „Алтанин Мост„

И покрај континуираното спроведување на акции и кампањи за подигнување на еколошката свест на населението со цел да ја зачуваме околината од загадување и расфрлање на отпад чиј век на разградливост е многу долг, „Охридски Комуналец„ секојдневно се соочува со проблеми за подигнување на степенот на јавна хигиена.
Во прилог Ви презентираме каква беше состојбата со расфрлан отпад во близина на плажата „Горица 3„ -паркинг просторот и пристапните патеки , како и месноста „Алтанин Мост„ (потег „Булевар Туристичка„-с.Орман) .
Во близина на плажата „Горица 3„ -кај паркингот и во тревниот дел околу пристапните патеки собрани се 10 вреќи со комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)
Кај месноста „Алтанин Мост„ (потег „Булевар Туристичка„-с.Орман) собрани се 13 вреќи со комунален отпад
Расчистени „Ристо Чадо„ и „Железничка„, на Калето се санираат багремите

По налог на општинскиот инспекторат на ул .„Железничка„ (во близина на сообраќајната клучка „Петља„) расчистена е мини-депонија од расфрлан отпад од различен вид.
Детално се расчистуваше ул.„Ристо Чадо„ (потег „Стобекс„-„Здружение на возачи„) каде несовени граѓани во зелениот појас расфрлале комунален отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило„ ги санираат дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот од „Самоилови Тврдини„
Во шумскиот дел од Калето, покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта, се санираат багремови стебла и гранки и се отстранува жбунестата вегетација.
Богат асортиман на саден материјал во Расадникот

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. Ј.П.”Охридски Комуналец” Охрид преку својата Р.Е.”Паркови и зеленило” врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни рашенија на приватни паркови и одржување на дворни места.
Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрозновидни садници од овој цветен материјал со најразличен колорит.
Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на “Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располагаме.
Комуналец на терен

Сите работни единици од Ј.П.Охридски Комуналец се ангажирани на различни локации во градот со цел подигнување на јавната хигиена и зеленило на повисоко ниво.
Екипите на јавна хигиена поставуваат нови канти за депонирање на ситен отпад по ул.„Димитар Влахов„ и старата чаршија.
Се прави генералка на ул „15-ти Корпус„ и „Железничка„ каде се отстрануваат наносите од песок и земја од зимското одржување на сообраќајниците, како и отсранување на ниската вегетација.
Се реконструира дрворедот по ул.„АСНОМ„ (потег „Кеј Македонија„-„Булевар Туристичка„) каде голем број стебла се комплетно уништени. Се засадуваат нови садници „јасен„ .
Денеска е завршено со реконструирањето на бетонската жардињера на „Булевар Туристичка„ каде се отсранија оштетените декоративни грмушки, се исполни жардињерата со плодна земја и се засадија нови декоративни садници од сопствениот расадник.
На депонија „Буково„ со сопствени средства се реконструира патот од влезот во депонијата до платото за депонирање на комунален отпад со тампонирање.
Утрово во градскиот парк пред ФТУ-Охрид констатирано е оштетување на паркот каде се откорнати 6 (шест) садници од видот вертикална туја.
Обновување на бетонската жардињера по “Булевар Туристичка”

Поволните временски услови овозможија екипите на “Паркови и зеленило” максимално да се ангажираат во пролетното подготвување на парковските и зелени површини во градот.
Заради претрпените штети од обилните снежни врнежи, се заменуваат оштетените садници во бетонската жардињера помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар Туристичка” (потег градски пазар-Гимназија). На одредени делови се врши комплетна реконструкција на жардињерата со отстранување на садниците и земјата, каде ќе се засадат нови декоративни грмушки од сопствениот расадник. Изборот на садниците ќе одговара на просторот и функционалноста, да не се попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а во исто време ќе се запази естетската компонента.
Во прилог Ви презентираме зелени разгледници од денешните многубројни активности на “Паркови и зеленило” (се коси тревата, се режат повеќегодишните садници во градскиот парк и “Булевар Туристичка”, се уредуваат крошните од дрвјата…)
Од денешните активности на “Охридски Комуналец”

Во градскиот парк и плоштад се врши освежување на зелените површини со замена на оштетените садници и засадување на нови садници од цветниот расад “очиња” како и декоративни грмушки. Со покачување на дневните температури се косат и зелените површини.
На паркингот во близина на плоштадот “Крушевска Република” се уредуваат крошните од дрвјата .
Се расчистува зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до с.Вапила од расфрланиот отпад (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад).
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици се подига шут од распадната куќа на аголот “Гоце Делчев” и “Стив Наумов”.
Пролетно освежување на албициите по “Кеј Македонија”

Денеска екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со пролетно освежување на дрворедот од албиции покрај пешачката патека по “Кеј Македонија”. Се врши кастрење на гранки и санирање на дрворедот на потег градски плоштад до поранешен х.”Палас”.
Во близина на музичкото училиште “Методи Патче”, за потребите на изградбата на пешачката патека, екипите на “Паркови и зеленило” ги отстрануваат корењата од дрвјата кои претставуваат опасност по инфраструктурните елементи кои се поставуваат.
Завршено уредувањето на дрворедот по „7-ми Ноември„

Денеска екипите на „Паркови и зеленило„ ќе завршат со акцијата за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ.”Св.Наум Охридски”-Охрид. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранките.
Следна планирана активност согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 год. на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по “Кеј Македонија”.
Екипите на „Паркови и зеленило„ активно се вклучени во активностите за уредување на новата пешачка патека која локалната самоуправа ја гради после каналот „Студенчишта„.
Се реконструира дрворедот по ул.”7-ми Ноември”

Екипите на “Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ.”Св.Наум Охридски”-Охрид. Постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвјата на кои ќе им се даде форма пред пролетното раззеленување и оформување, а ќе се создадат подобри услови во движењето на пешаците и возилата.
Оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 год. на територијата на општина Охрид.
Се расчистува кај Грашница, малото пристаниште и с.Лескоец

По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на р.Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3).ластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се 3 отпад).
Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води.
Се расчистува месноста Арбатица во с.Лескоец (патот кој води до манастирот “Св.Петар и Павле”) каде поради искршени багремови гранки е оневозможена нормалната проодност на патот . Оваа активност се извршува по налог на општинскиот инспекторат .
Генерално чистење на У.З.12 “Гоце Делчев”

Денеска екипите на “Јавна хигиена” спроведуваат акција за генерално чистење на У.З.12″Гоце Делчев” (Бараки). Бидејќи сообраќајниците од оваа населба се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 год., темелно се метат јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистува расфрланиот отпад.
Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад

Ј.П.”Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона 2015 год. постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид. Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.
Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.