Category Archives: АКТУЕЛНО

Ќе се подига кабаст отпад од Горна Влашка Маала

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Маала„(комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mаала„).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Акција за кабаст отпад У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.09.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување на просторот позади охридската “Гимназија св. Климент Охридски”. Беа ангажирани 3ца работници на косење, кастрење и собирање на зараснатите трња и трева, каде што беа собрани околу 15 м/3 зелен отпад.

fotorcreated fotorcreated1

Покрај овие активности, како дел од редовната работа на екипите на “Јавна Хигиена” при J.P. “Охридски Комуналец” беше косење на улиците во стариот дел на градот и метење на ул. “Железничка”. Исто така во изминативе 2 дена се чистеше кејот од насобраната езерска алга при што беа собрани 3 трактори од истата, а ќе се продолжи во тек на утрешниот ден.

FotorCreated1

kej

Македонија без отпад

На 1ви Октомври 2016 година “Ј.П. Охридски Комуналец” по договор со невладината организација “Ајде Македонија” ке биде активно вклучено во проектот “Македонија без отпад” со тоа што ке изврши чистење на потегот по магистралниот пат од “Петљата” до “Подмоље” и од населбата “Далјан” до “Подмоље”. Се известуваат сите граѓани и невладини организации кои се заинтересирани, можат да се вклучат во проектот за чистење на потегот од “Билјанини извори” до “Св. Наум”, каде што ке бидат во координација со невладината организација “Ајде Македонија”.

Нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на”Ј.П. Охридски Комуналец ” ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите беа поставени на потегот од црквата “св. Никола Геракомија”, на паркингот кај “Балкански фестивал”, по ул. “Илинденска” и кај “Самуиловата тврдина”.

FotorCreated FotorCreated1

Покрај другите активности, во вчерашниот ден екипите на “Јавна хигиена” беа ангажирани на расчистување на патот за с. “Велестово”, на потегот од бензинската на “Макпетрол” кај “Бијланини извори”, до с. “Велестово”, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието.

Денес како припомош на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од с. “Љубаништа” до “св. Наум”, исто и на стартот и целта на маратонот.

Уредување на локалниот пат од 15ти Корпус спрема с. Велгошти

Денес екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај редовните активности, по барање на комуналната инспекција и на граѓаните, беа ангажирани на уредување на локалниот пат на потегот од ул. “15ти Корпус” до с.”Велгошти”, при што беше искосена тревата покрај патот и беа исечени гранките и трњето кои ја попречуваа прегледноста на возачите.

FotorCreated FotorCreated1

Дополнително ангажирани екипите на Ј.П. Охридски Комуналец

Во изминативе денови екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани со уредување и чистење на улиците и парковите во тек на раните утрински часови, како и преку целиот ден после забавите и концертите, како последица на големиот број на гости во градот. Беа собрани големи количини на пластични шишиња, хартија и друг вид на отпад, како во центарот на градот така и на плажата парк. Беше исчистен и градскиот стадион по договор со јавното претпријатие “Билјанини Извори”.

FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2 FotorCreated3

 

 

Чистење во школо св. Климент во населба Далјан

Екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани за подигање на дива депонија создадена од несовесни граѓани во дворот на основното училиште “Св. Климент Охридски” во населбата “Далјан”. Беа подигнати големи количини на кабаст отпад, пластичен отпад и депонирани електрични апарати.FotorCreated

“Ј.П. Охридски Комуналец” повторно со апел до граѓаните да не создаваат депонии, туку да го депонираат отпадот на локациите одредени за тоа, а доколку имаат кабаст отпад да се информираат за деновите кога нашите екипи поминуваат за собирање на истиот.

Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Во изминативе неколку дена екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” беа ангажирани  со косење на трева и чистење на улиците и тротоарите од зараснатите трње на неколку локации.

Беше исчистен патот према плажите каде што беа исечени гранките кои висеа над тротоарите и беше искосена тревата.

FotorCreated

Се средуваше игралиштето во с. “Велгошти” пред почетокот на турнирот за мал фудбал, и се косеше во с. “Долно Лакочереј”.

FotorCreated1

Се уреди и на улиците “Ванчо Питошески” и на пресекот на ул. “Крум Точков” со ул. “Гоце Делчев”.

 

FotorCreated2 FotorCreated3

 

Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Редовното одржување на парковите и зеленилото со цел разубавување на градот како тековна работа се дел од приоритетите на “Ј.П. Охридски Комуналец” како во зимскиот период, така и во текот на сезоната. Екипите се секојдневно ангажирани со наводнување, косење на тревата и садење на нови садници во парковите низ центарот на градот, на кружните текови и низ целото крајбрежје.

FotorCreated FotorCreated1

Покрај овие активности, “Ј.П. Охридски Комуналец” хортикултурно се погрижи и за изгледот на античкиот “амфитеатар”, каде ке се одржуваат настапи од фестивалот “Охридско лето”.

FotorCreated2