Category Archives: АКТУЕЛНО

Косење во с. Пештани

Денес екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа повторно ангажирани во с. “Пештани” со косење и чистење на зараснатите тревни површини кои ја намалуваа прегледноста на главната улица и пристапноста до плажите.

FotorCreated FotorCreated1

Чистење на патот према с. Завој

Во изминативе денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на патот кој води до селото “Завој”, со цел да се зголеми прегледноста за движење на возилата. Беа ангажирани 5 работници за косење на тревата и сечење на трњето покрај коловозот, при што беа отстранети големи количини на зелен отпад.

FotorCreated Fotor_146822766107824

Хортикултурно се уредуваше влезот на градот

Денес екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” хортикултурно го уредуваа просторот на влезот на градот, кај бензинската “Лукоил”, каде што беа посадени зимзелени и декоративни садници.

FotorCreated FotorCreated1

Уредување кај Антички театар

Во текот на вчерашниот ден и денес екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај тековните активности на уредување и наводнување на парковите и кружните текови, по барање на жителите на стариот дел на градот и комуналната инспекција, како и поради почетокот на “Охридско лето” беа ангажирани со средување на просторот покрај “Античкиот театар”, каде што беше опфатено расчистување на трње и отпад, и косење на зараснатата трева.

FotorCreated

FotorCreated1

Соопштение

Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од 01.07.2016 година комуналниот отпад ке го подига со почеток во 06:00 часот.

Граѓаните се должни комуналниот отпад да го изнесат до 06:00 часот во деновите определени за подигање на сметот на местата одредени за таа цел.

Чистење на кејот

Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото во вчерашниот и денешниот ден на потегот од градското пристаниште, се до хотелот “Милениум”, а останатото кое пливаше во езерските води исто така беше извадено и собрано од страна на вработените на “Јавна хигиена”. Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ке продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормало е цутење и таложење на езерската алга при што нашите екипи ке продолжат континуирано и тековно да работат на расчистување на истата.FotorCreated FotorCreated1

 

Косење во Месокастро и населба Исток

Во тек на вчерашниот ден и денес екипите на “Паркови и зеленило ” и “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” во координирана работна задача беа ангажирани на уредување во дел од стариот град или познат како “Месокастро” и во населбата “Исток” која се наоѓа над хотелот “Гранит”. Беше искосена и исчистена тревата покрај улиците и пешачките патеки со цел да се зголеми видливоста на патиштата и безбедноста на граѓаните.

FotorCreated FotorCreated1

Хортикултурно уредување на центарот

Изминативе денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај тековните активности хортикултурно го уредуваa центарот на градот. Во парковите кај плоштадот, малиот плоштад и на кејот “Македонија” беа засадени нови садници од сортите “игератум”, “салвија”, “петунија” и “џунџуле”. Исто така “џунџуле” беше засадено и на кружниот тек кај Охридска банка.

FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Косење во с. Подмоље

Со редовните и тековни активности дел од екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” денес беа ангажирани и во с. “Подмоље”. Се косеше и чистеше покрај улиците и тротоарите, а беше уреден и просторот околу игралиштето, при што беа ангажирани 4ца работници на “Јавна хигиена”.

FotorCreated FotorCreated1

Косење во с. “Коњско” и с. “Трпејца”

Екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” во вчерашниот ден, како и денес покрај редовните активности во градот беа ангажирани на косење и расчистување во с. “Коњско” и с. “Трпејца” на зараснатите тревни површини кои ја намалуваа прегледноста на улиците и пешачките зони.FotorCreated FotorCreated1