Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за кабаст отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 22.10.2016 год.(сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14„Радојца Новичиќ„.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Согласно годишниот календар за 2016 год. ова e последната акција за подигање на кабаст отпад, а саботите од следниот месец ќе бидат резервирани за подигање зелен отпад. За динамиката на подигање зелен отпад граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Уредување на ул. Ристо Чадо

Денес дел од екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на уредување на улицата “Ристо Чадо” со косење и сечење на зараснатата трева, капини и трње покрај тротоарите, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците.fotorcreated fotorcreated1

Покрај овие активности, деновиве се продолжува и чистењето на коритото на реката “Сушица” каде се отстрануваат зараснатите гранки и трева.

fotorcreated2

 

Ќе се подига кабаст отпад од У.З.11 „Видобишта„ 15.10.2016 год.(сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 15.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта„.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел. 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Акција за кабаст отпад „Кошишта„, „Воска„ и „Даљан„ (08.10.2016год.)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3. и У.З.4. населби „Кошишта„, „Воска„ и „Даљан„.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”

Повторно се расчистува депонија во нас. Христо Узунов

После нецела недела откако Ј.П. “Охридски комуналец” ја расчисти дивата депонија кај прес контењерот во населбата “Христо Узунов”, денес повторно истата глетка. И денес беа машински подигнати големи количини на отпад од истото место. Иако според календарот на претпријатието беше организирано подигање на кабаст отпад во тој дел на 01.10.2016 (сабота), граѓаните продолжуваат со несовесното депонирање на истиот, како и градежен шут, зелен отпад, пластика и друг комунален отпад.fotorcreated fotorcreated1

Чистење на магистралните патишта како дел од проектот “Македонија без отпад”

Денес Ј.П. “Охридски Комуналец” се вклучи во проектот “Македонија без отпад” по договор со невладината организација “Ајде Македонија” каде што изврши расчистување на магистралниот пат “Охрид – Подмоље”, на двете магистрали (стариот и новиот пат), каде беа ангажирани 12 работници од 06:00 часот до 11:30 часот и беа собрани околу 60 вреќи на отпад.

fotorcreated fotorcreated1

Од другите учесници во оваа акција на потегот од “Билјанини извори” према “Св. Стефан” беа собрани 40тина вреќи отпад и истите беа подигнати со возило на Ј.П. “Охридски Комуналец”.

Чистење на коритото на река “Сушица”

Деновиве екипите на Р.Е. “Механизација” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеше на машинско расчистување на речното корито на реката “Сушица” на потегот од с. “Велгошти” до пресекот со ул. “15ти корпус”. Беа подигнати големи количини на зелен отпад, гранки, наноси од земја, пластичен отпад и чакал, па со нивно расчистување се ослободи коритото за непречен проток на водата и минимизирање на можноста за поплавување на околното земјиште.

fotorcreated fotorcreated1

Покрај овие активности, во раните утрински часови беше подигната дива депонија кај прес контењерот во населбата “Христо Узунов” која беше направена поради несовесно депонирање на отпадот од страна на граѓаните.

fotorcreated2 fotorcreated3

Ќе се подига кабаст отпад од Горна Влашка Маала

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Маала„(комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mаала„).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Акција за кабаст отпад У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.09.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување на просторот позади охридската “Гимназија св. Климент Охридски”. Беа ангажирани 3ца работници на косење, кастрење и собирање на зараснатите трња и трева, каде што беа собрани околу 15 м/3 зелен отпад.

fotorcreated fotorcreated1

Покрај овие активности, како дел од редовната работа на екипите на “Јавна Хигиена” при J.P. “Охридски Комуналец” беше косење на улиците во стариот дел на градот и метење на ул. “Железничка”. Исто така во изминативе 2 дена се чистеше кејот од насобраната езерска алга при што беа собрани 3 трактори од истата, а ќе се продолжи во тек на утрешниот ден.

FotorCreated1

kej