Category Archives: АКТУЕЛНО
Косење во с. “Коњско” и с. “Трпејца”
Од работата на Паркови и зеленило
Денес, како и изминатите денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” продолжија со извршување на редовните работни задачи како косење, плевење и садење. Беше уреден главниот плоштад со косење и плевење, а кај малиот плоштад беа извадени старите садници каде што ке бидат посадени нови во изминативе денови.

И кружниот тек кај охридската “Гимназија” беше посаден со нови садници од сортите “Џунџуле” и “Салвија”.

Косење во “Пештани”
Пуштена во употреба машината за смукање
Од активностите на Јавна хигиена
Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на патот за с. “Орман” на потегот од бул. “Туристичка”, во селото се до излезот према с.”Лакочереј” со косење и чистење на израснатата трева и трње кои ја попречуваа прегледноста на возилата. Во текот на изминатите денови беа исчистени с. “Велгошти”, с. “Лескоец”, с. “Косел” с. “горно и долно Лакочереј” и “Подмолје”. Исто беа опфатени делови од стариот дел на градот како патеките низ шумата кои водат од тврдината према “Плаошник”, па према “Лабино” и према “Канео”.

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ И ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ!
Украдени садници на ул.„Димитар Влахов„
Во раните утрински часови по дрворедот на улица „Димитар Влахов„ повторно е забележана кражба на садници. Кражбата е забележана од страна на одговорните работници за одржување на јавното зеленило кои за жал континуиран период ја евидентираат оваа деструктивна појава каде несовесни граѓани само на оваа улица украле украсни грмушки: 40 зеленики од видот букус и 38 од видот елата. Појавата на кражба на садници е забележана и на новата пешачка патека од каналот Студенчишта до Горица.
Ј.П.„Охридски Комуналец„ е принуден да ангажира обезбедување за да се пронајдат сторителите. На тој начин се надеваме ќе имаме поголем респект кон вложените средства и труд за разубавување на градот.

вака изгледа хортикултурното катче покрај дрворедот од лигуструми по извршената кражба на садници

Зошто да се крадат садниците кога може да изгледа вака?
Зголемени активности на “Ј.П. Охридски комуналец”
Во изминатите денови екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани поради зголемените температури и припремање за туристичката сезона. Екипите на “Паркови и зеленило” работеа на косење и чистење на улиците и населбите. Беше исчистена ул. “Андреја Јованоски” од “Стобекс” према “Велгошти”, населбата “Гоце Делчев” (кај бараките) и дел од ул. “Марко Цепенков” и “Момчило Јорданоски” а на патеката кај “Кадмо” плажа беа засадени нови садници од видот “Сабина” и “Џунџуле”.

Ангажирани беа и екипите на “Р.Е. Механизација” со чистење на коритото на реката кај населбата “Рача” на местото каде што се влева во езерото.

Од активностите на Јавна хигиена
Покрај тековните активности на метење и миење на улиците деновиве екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” учествува како испомош на “Паркови и зеленило” поради зголемените активности со косење на израснатата трева на улиците “Крум Точков”,”Пере Тошев”,”Стив Наумов”, “8-ми Март”, “Крали Марко”, “Абаз Емин”, “Дејан Војвода”, “Бекир Алириза”,”7-ми Ноември”,”Егејска”,”Крсте Мисирков”,”Кузман Шапкарев”,”Васил Главинов”,”Марко Нестороски” и нас. “Ѓорче Петров”.

Од активностите на паркови и зеленило
Во изминативе денови екипите на Паркови и зеленило при “Ј.П. Охридски Комуналец” работеше на привршување на кружниот тек на пресекот кај булеварот “Туристичка” со ул. “Абаз Емин” со полнење на земја и припремање за хортикултурно уредување.

Се уреди и улицата “Ариф Мустафа” каде се засадија зимзелени растенија и трева.

Чистење на кејот и Лагадин
Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел “Милениум” при што беа подигнати 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници.

На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.

Се коси тревата низ градот
Зголемените температури и врнежите на дожд во изминатите неколку дена придонесоа вегетацијата на тревата низ градот да нарасне со зголемено темпо, така и службите на “”Ј.П. Охридски Комуналец” започнаа со тековно уредување на улиците и парковите со косење на истата. Изминативе неколку денови се косеше на неколку локации каде беше опфатен стариот дел на градот, булеварот “Туристичка”, улиците “Бистрица” и “Шар планина” и покрај кејот “Македонија”.
































