Category Archives: АКТУЕЛНО

Се расчистуваше во с. Коњско и патот за плажите кај нас. Рача

Акцијата за расчистување на локални патишта по налог на Комунална инспекција продолжува. Во текот на вчерашниот ден екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани за расчистување на неколку улици во с. “Коњско”. Беше отстранета вегетацијата од гранки од дрвја, трње и диви жбунови со цел да се овозможи подобра прегледност на возилата кои циркулираат на тој дел. Денес акцијата продолжи и во нас. “Рача”, на патот кој води према плажите (наспроти вилата “Александар”).

Депониран отпад во река Сушица

Утрово екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” од коритото на реката “Сушица” на пресекот на ул. “Ариф Мустафа” со бул. “Туристичка” извадија депониран отпад од несовесни граѓани (тросед, перници, ќебиња и комунален отпад). Од претпријатието ги осудуваат ваквите потези на несовесните граѓани и информираат дека граѓаните можат да се обратат во Ј.П. “Охридски Комуналец” за информации за подигање на отпадот, а не да создаваат диви депонии.

Отстранување на абразивните средства од улиците

Во изминатиот период екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на отстранување на абразивните средства (сол и песок), кои беа фрлени во големи количини поради ладните температури и врнежите од снег. Ангажирани се сите вработени на “Јавна хигиена” при што се започна со чистење од центарот према периферијата на градот.

Расчистување на ул. Марко Цепенков

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување зараснатите тротоари на улицата “Марко Цепенков” на потегот од инфективното одделение до кружното на пресекот со ул. “Момчило Јорданоски”. Беа ангажирани четворица работници, при што отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и ја попречуваа видливоста на сообраќајните знаци. Во текот на наредните денови акцијата ќе продолжи и во стариот дел на градот кај охридското “Кале”, во населба “Исток”, на ул. “7ми Ноември” и по другите улици каде што ќе има потреба за истото.

Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Слабите врнежи од снег ова утро не ги спречија екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, во соработка со координативното тело на општина Охрид, да започнат со украсување на центарот по повод претстојниот празник “Богојавление”. Украсени се канделабрите и пристаништето со бршлен и зеленика. Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник, кои исто така се украсени со бршлен. Поставени се заштитни огради на пристаништето и одредени се места каде што се поставени заштитни огради за лица со посебни потреби, како и за екипите за брзи интервенции при Црвениот крст. Во текот на утрешниот ден ќе биде поставена бина пред капетанијата и ќе се постават верски знамиња во чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето. Покрај овие активности дел од екипите беа ангажирани за рачно расчистување на снегот од тротоарите во раните утрински часови.

Охридски Комуналец активно на терен

Продолжуваат активностите на Ј.П. “Охридски Комуналец” за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Денес и вчера од раните утрински часови вработените на претпријатието беа ангажирани на попрскување на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на пешаците. Беа опфатени улиците: Јане Сандански, Питу Гули, 7ми ноември, Гоце Делчев, дел од бул. Туристичка и во стариот дел од градот. Покрај тие активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење на казми и лопати. Во наредните денови ќе се продолжи со истите активности и по другите улици и патеки, каде што е отежнато движењето на пешаците.

Се расчистуваше чаршијата од снег

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” започнаа со расчистување на чаршијата после обилните врнежи на снег кои го зафатија градот пред неколку дена. Во наредните денови, покрај машинското, ќе се продолжи и со рачно чистење на јавните површини, како и на тротоарите и патеките кои се наменети за пешаците.

Комуналец на терен по првиот снег

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” вонредно ангажирани на терен после првиот снег. Активирани се работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата, а од делот на механизација активиран е фап со епоха за посипување на абразивни средства, 2 трактори со соларки, 2 возила со ножеви и комбинирана машина за чистење снег. Чистењето ке продолжи и во текот на ноќните часови, со цел да се спречи замрзнување на коловозите и тротоарите низ градот.

Палмите заштитени по најавата за ниски температури

Екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” и оваа зимска сезона ги заштитија палмите со обвиткување на стеблата со јутени вреќи. По најавата за ниски температури, обвиткувањето на палмите превентивно ке придонесе заштита од замрзнување на стеблата на овие тропски егзотични видови.

Чистење на ул. Кленоец и ул. Радојца Новичиќ

Екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” во изминативе 10тина дена работеа на расчистување на улиците “Кленоец” и “Радојца Новичиќ”. Беа ангажирани 3ца комунални работници, при што се отстрануваше трева, песок и земја на тротоарите и покрај коловозот. Целиот отпад беше уредно подигнат и депониран во вчерашниот ден од страна на службите на претпријатието.

fotorcreated fotorcreated1