Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција кабаст отпад с. “Рача”с. “Рамне” и с. “Велестово” 19.04.2017 год.(среда)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.04.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. „Рача„, с. “Рамне” и с. “Велестово”.

Од активностите на Јавна хигиена

Од денес, па наредните неколку дена сите екипи на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” се максимално ангажирани на расчистување на јавните површини низ цела територија на општина Охрид.

Расчистување во с. Пештани

Акцијата за расчистување на јавните површини при Ј.П. “Охридски Комуналец” денес продолжи во с. “Пештани”. Активирани се 4ца работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок

Се расчистуваат плажите

Ј.П. “Охридски Комуналец” започна со темелно расчистување на плажите на Охридското крајбрежје кои не се дадени под концесија. Во текот на денешниот ден беше расчистена “Градска плажа” и плажата во нас. “Лагадин”

Генералка во Лагадин

Денес екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата “Лагадин”. Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата

Акција кабаст отпад с. “Елшани” и с. “Коњско” 05.04.2017 год.(среда)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. „Елшани„ и с. “Коњско”.

Расчистување на крајбрежјето

Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” од раните утрински часови се ангажирани на расчистување на крајбрежјето во центарот на градот кај хотелот “Палас”. Активирана е комбинирана машина за отстранување на големи наноси на песок и муљ од кејот.

Акција кабаст отпад с. “Пештани” 29.03.2017 год.(среда)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.03.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. „Пештани„.

Расчистување на полигонот

Поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, кој е во сопственост на  Г.П. “Гранит”, по барање на Ј.П.„Билјанини Извори„ кое стопанисува со паркинг-просторот беше темелно исчистен и беа собрани големи количини на расфрлан комунален отпад

Пуштени во употреба подземните контејнери

Ј.П. “Охридски Комуналец” ги пушти во употреба првите три подземни контејнери во оваа општина, лоцирани кај паркот во централното градско подрачје.