Од денес, па наредните неколку дена сите екипи на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” се максимално ангажирани на расчистување на јавните површини низ цела територија на општина Охрид.
Акцијата за расчистување на јавните површини при Ј.П. “Охридски Комуналец” денес продолжи во с. “Пештани”. Активирани се 4ца работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок
Ј.П. “Охридски Комуналец” започна со темелно расчистување на плажите на Охридското крајбрежје кои не се дадени под концесија. Во текот на денешниот ден беше расчистена “Градска плажа” и плажата во нас. “Лагадин”
Денес екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата “Лагадин”. Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. „Елшани„ и с. “Коњско”.
Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” од раните утрински часови се ангажирани на расчистување на крајбрежјето во центарот на градот кај хотелот “Палас”. Активирана е комбинирана машина за отстранување на големи наноси на песок и муљ од кејот.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.03.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. „Пештани„.
Поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, кој е во сопственост на Г.П. “Гранит”, по барање на Ј.П.„Билјанини Извори„ кое стопанисува со паркинг-просторот беше темелно исчистен и беа собрани големи количини на расфрлан комунален отпад
По налог на комунална инспекција, дел од екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, денес беа ангажирани на расчистување на расфрлан комунален отпад на локалниот пат кој води од Бул. “Туристичка”се до с. “Горно Лакочереј”.
Согласно програмата за работа и зимско одржување на магистралните патишта (ул. Железничка, бул. Туристичка и ул. 15ти корпус) обврска има Ј.П. “Македонија Пат” и истата завршува на 15ти Март
Денес дел од вработените во “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на обновување на садниците во паркот кај градскиот плоштад.
We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue to use this site we will assume that you are happy with it.