Category Archives: АКТУЕЛНО

Исчистено коритото на реката во населба Рача

Согласно програмата за чистење на реки и речни корита на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните работи на “Јавна хигиена”, ангажирани беа 3ца работници кои го исчистија коритото на реката во населбата “Рача” од најгорниот дел се до самото езеро.

Исчистени големи депонии предизвикани од несовесните граѓани

Екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, вчера и денес беа ангажирани на расчистување на 2 локации, каде што несовесните граѓани од околните куќи и станови имаа депонирано разновиден отпад и имаа направено големи депонии

Од активностите на Јавна хигиена

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” направија акција за расчистување на коритото на река “Сушица”, на потегот од ул. “Живко Чинго” (кај отпадот)

Се кројат дрворедите на ул. Јане Сандански

Од денес започна уредувањето на дрворедот на ул. “Јане Сандански.” Екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица. Со акцијата ќе се продолжи во наредните денови, а целта на оваа акција како и предходно е да се спречи кршење и паѓање на гранките на паркираните возила, и безбедно движење на пешаците по тротоарот.

Расчистување во населбата Гоце Делчев

Акцијата за расчистување на локални патишта вчера и денес продолжи во населбата “Гоце Делчев” (бараки). Екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” ги расчистуваа гранките и трњето покрај улиците, кои ја попречуваа прегледноста за возилата и безбедноста за пешаците, и се уредуваше паркот на влезот од населбата. Ангажирани беа 8 работници, а беа собрани и транспортирани околу 17 кубици зелен отпад.

Грда слика кај Горица 3, Комуналец вонредно на терен

Покрај тековните активности, екипите на  “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, беа вонредно ангажирани на делот кај “Горица 3” и блиската парк шума, каде што беа расчистени големи количини на комунален отпад. Ангажирани беа 10 работници и беа собрани околу 30тина вреќи на отпад.

Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” чистеа на ул. “Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето. Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с. “Косел” до “Прентов мост”, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на отпад.

Ј.П. Охридски Комуналец учествува во акцијата за уредување на просторот кај реката Грашница

По налог на Локалната самоуправа, денес, јавните претпријатија во координирана акција започнаа со отстранување на шутот и трњата на просторот кај реката “Грашница”. Дел од екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” се активирани во уредувањето со рачно отстранување на гранките и трњата, каде што ќе поминува пешачката патека.

 

Се расчистуваше во с. Ливоишта и се уредуваа дрворедите на ул. Димитар Влахов

По налог на Комуналната инспекција и по барање на жителите, вчера и денес дел од екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани во с. “Ливоишта”. Се расчистуваше каналот од зголемената вегетација на трње и зеленило и се уредуваше зеленилото покрај главната улица со цел побезбедно движење на возилата. Друг дел од вработените беа ангажирани на уредување на дрворедите на ул. “Димитар Влахов”. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците.

Чистење кај хотел Милениум и кај пешачката патека во нас. Рача

Денес по налог на комунална инспекција, согласно програмата за вонредни активности на Ј.П. “Охридски Комуналец” во делот на “јавна чистота” се изврши багеровање на езерскиот дел кај хотел “Милениум” од наноси на муљ, распадната алга и трска. Беа ангажирани специјално возило ИЦБ и камион кипер, при што беа подигнати, транспортирани и депонирани околу 30м/3 муљ. Исто така дел од екипите на “Јавна хигиена” беа ангажирани на расчистување на делот од коритото од реката во населбата “Рача”, под пешачката патека, каде што се влева во езерото. Поради непристапноста на теренот за багер, беа ангажирани 4ца работници за рачно расчистување на наноси од земја и песок, со цел да се овозможи слободен тек на водата која ќе надојде во пролетните месеци поради топењето на снегот.