Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за чистење на Градска плажа и сливот на реката Грашница

Денес екипите на ЈП Охридски Комуналец го расчистуваа сливот на реката Грашница и истоимената плажа на потегот од “Хотел Мизо” до калето. Подигнати беа околу 30тина вреќи неразградлив комунален отпад кој беше донесен од количината на самата вода во речното корито и исто беа собрани големи количини на трска. Целиот отпад и трска беа подигнати од страна на службите на ЈП Охридски Комуналец. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција и со вакви и сличи акции ке продолжиме и во наредните денови се со цел подигнување на еколошката свест кај населението. Овие акции се вонредни акции кои ги организираме со предходен договор и налог од комунална инспекција во соработка со локалната самоуправа.
Се расчистуваше патот до с.Орман

Вчера екипите на “Јавна Хигиена” на Ј.П. Охридски Комуналец го исчистија локалниот пат од булевар Туристичка до селото Орман од расфрланиот комунален отпад. Ангажирани беа 4 работници и беа собрани 20тина вреќи комунален отпад.
Апелираме до месното население отпадот да го депонираат до местата предвидени за тоа бидејќи благовремено вршиме подигање на истиот.
Овие акции ги спроведуваме за подигнување на поголема јавна свест кај населението.
Се расчистуваше спустот на градското пристаниште
Се реализира последната фаза од хортикултурното уредување на Димитар Влахов

Екипите на „Паркови и зеленило„ ја реализираат последната фаза од хортикултурното уредување на ул .„Димитар Влахов„ со која се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот од лигуструми. Во последната фаза ќе се уреди дрворедот на потегот од централната градинка „Јасна Ристеска“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.
Со уредувањето, покрај поставувањето на украсни штитници е опфатено и поставување на систем за наводнување и засадување на украсни нискостеблести земзелени грмушки и сезонско цвеќе.
Следна активност на Ј.П. „Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2016 е реконструирањето на дрворедот по ул.„Македонски Просветители„ на потегот од Т.Ц.Амам до градскиот плоштад, каде исто така ќе се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот.
Се расчистуваат јавните површини во Пештани

Денеска екипите на Ј.П.Охридски Комуналец спроведуваат широко-опфатна акција за средување на с.Пештани. Се расчистуваат јавните површини во центарот на селото и пристапните улици, расчистен е и подигнат натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат.
Силниот ветер и големите бранови и на плажата во с.Пештани исфрлија големи количини отпад (пластична и картонска амбалажа, остатоци од друг тешко разградлив отпад, како и големи количини трска). Отпадот од ктајбрежниот појас е подигнат и транспортиран.
Вонреден ангажман на Јавна хигиена за расчистување на кејот

Изминативе денови екипите на Јавна хигиена при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа вонредно ангажирани на градскиот кеј и градското пристаниште. Променливото време проследено со силен ветер од јужен правец и големи бранови секојдневно во крајбрежниот појас наталожуваа огромни количини од комунален отпад и разградлив био отпад (трски, реси и др.). Остатоци од пластични шишња, најлон кеси, картонска амбалажа и др. пливаа во езерските води од каде нашите служби со вонредни напори секојдневно ги расчистуваа и подигаа. Пешачката зона од кејот секојдневно се метеше од наносите од муљ, трска и друг вид тешко разградлив отпад.
Во зависност од временските услови нашите активности ќе бидат димензионирани и планирани во насока да градскиот кеј и градското пристаниште секогаш бидат во светло какво што му доликува на нашиот град.
Расчистен кејот по силниот ветер

Невремето проследено со силен јужен ветер и големите бранови, наталожија огромно количество отпад по крајбрежијето на охридскиот кеј.
Големи количини од тешко разградлив отпад (пластика, хартиена амбалажаи и најлон кеси) езерскиот бран имаше наталожено покрај пристаништето, како и во близина на старото пристаниште кај х.Палас.
Пешачката зона на охридскиот кеј беше прекриена со песок и трска. Подигнати се 8 м3 разновиден комунален отпад, а кејот е темелно расчистен и вратен во нормална состојба.
Овие слики станаа вообичаени после силен јужен ветер, но со нив станува се` поевидентна и негрижата кон животната средина.
Расчистен крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк

Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот свет во Охридското Езеро, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” редовно спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира чистење на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк. Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и камион ФАП), при што се подигнати околу 20 м3 муљ.
Комуналец ангажиран пред „Прличеви беседи 2016„

Ј.П.„Охридски Комуналец„ по повод одржување на манифестации и празнувања, спроведува вонредни активности за подигнување на степенот хигиена на локациите каде се реализираат манифестациите. По тој повод екипите на Јавна хигиена темелно ги расчистуваат локациите каде ќе се одбележува манифестацијата „Прличеви беседи 2016„.
Се уреди просторот кај гробното место на Григор Прличев во училишниот двор на О.У.„Климент Охридски„ , темелно се расчисти просоторот околу спомен-куќата на нашиот ловороносец
околу споменикот, и целиот простор во близина на Центарот за култура „Григор Прличев„.
Се расчистува потегот Горна Порта-Дрвара

Екипите на „Паркови и зеленило„ оваа работна седмица го расчистуваат шумскиот дел на охридското Кале, на потегот од Горна Порта до месноста „Дрвара„.. Бидејќи временските услови се поволни, а вегетацијата во фаза на мирување, се расчистува ниската и дива вегетација, како бршлените и трњето. Во шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот се отстранети исушените дрвја од видот багрем и јасен , а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени.
Од овој простор се подигна големо количество расфрлан комунален отпад и градежен шут кој несовесни граѓани го депонирале на овој потег.
Комуналец работно вклучен во празнувањето на Водици и Денот на рибарите

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид изминативе денови активно беше вклучен во организацијата на манифестација по повод верскиот празник „Богојавление„. Беа превземени сите потребни активности за одржување на хигиената на највисоко ниво на просторот околу градското пристаниште, месноста Сараиште, градскиот плоштад, кејот и парковските површини.
Се изврши украсување на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња, како и украсување на градското пристаниште со бршлен и зеленика.
Монтирана е бина во близина на пристаништето
и поставени се заштитни огради
По завршувањето на манифестациите по повод празникот Водици и Денот на рибарите кој оваа година се организираше во месноста Сараиште се изврши темелно метење на јавните површини и се расчистија расфрланите пластични чаши, хартиена амбалажа и други отпадоци.
СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2016 год.
Заложбите за уреден град ќе бидат наш приоритет и во 2016 год. Нашите сервисни услуги за одржување на јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена секојдневно ќе ги надградуваме. На транспарентен начин ќе соработуваме со граѓаните заедно создавајќи здрава животна средина во чии благодети сите ќе уживаме .