Category Archives: АКТУЕЛНО
Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Редовното одржување на парковите и зеленилото со цел разубавување на градот како тековна работа се дел од приоритетите на “Ј.П. Охридски Комуналец” како во зимскиот период, така и во текот на сезоната. Екипите се секојдневно ангажирани со наводнување, косење на тревата и садење на нови садници во парковите низ центарот на градот, на кружните текови и низ целото крајбрежје.
Покрај овие активности, “Ј.П. Охридски Комуналец” хортикултурно се погрижи и за изгледот на античкиот “амфитеатар”, каде ке се одржуваат настапи од фестивалот “Охридско лето”.
Косење во с. Пештани
Чистење на патот према с. Завој

Во изминативе денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на патот кој води до селото “Завој”, со цел да се зголеми прегледноста за движење на возилата. Беа ангажирани 5 работници за косење на тревата и сечење на трњето покрај коловозот, при што беа отстранети големи количини на зелен отпад.
Хортикултурно се уредуваше влезот на градот
Уредување кај Антички театар

Во текот на вчерашниот ден и денес екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај тековните активности на уредување и наводнување на парковите и кружните текови, по барање на жителите на стариот дел на градот и комуналната инспекција, како и поради почетокот на “Охридско лето” беа ангажирани со средување на просторот покрај “Античкиот театар”, каде што беше опфатено расчистување на трње и отпад, и косење на зараснатата трева.
Соопштение
Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од 01.07.2016 година комуналниот отпад ке го подига со почеток во 06:00 часот.
Граѓаните се должни комуналниот отпад да го изнесат до 06:00 часот во деновите определени за подигање на сметот на местата одредени за таа цел.
Чистење на кејот

Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото во вчерашниот и денешниот ден на потегот од градското пристаниште, се до хотелот “Милениум”, а останатото кое пливаше во езерските води исто така беше извадено и собрано од страна на вработените на “Јавна хигиена”. Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ке продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормало е цутење и таложење на езерската алга при што нашите екипи ке продолжат континуирано и тековно да работат на расчистување на истата.
Косење во Месокастро и населба Исток

Во тек на вчерашниот ден и денес екипите на “Паркови и зеленило ” и “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” во координирана работна задача беа ангажирани на уредување во дел од стариот град или познат како “Месокастро” и во населбата “Исток” која се наоѓа над хотелот “Гранит”. Беше искосена и исчистена тревата покрај улиците и пешачките патеки со цел да се зголеми видливоста на патиштата и безбедноста на граѓаните.
Хортикултурно уредување на центарот

Изминативе денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај тековните активности хортикултурно го уредуваa центарот на градот. Во парковите кај плоштадот, малиот плоштад и на кејот “Македонија” беа засадени нови садници од сортите “игератум”, “салвија”, “петунија” и “џунџуле”. Исто така “џунџуле” беше засадено и на кружниот тек кај Охридска банка.
Косење во с. Подмоље
Косење во с. “Коњско” и с. “Трпејца”
Од работата на Паркови и зеленило

Денес, како и изминатите денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” продолжија со извршување на редовните работни задачи како косење, плевење и садење. Беше уреден главниот плоштад со косење и плевење, а кај малиот плоштад беа извадени старите садници каде што ке бидат посадени нови во изминативе денови.
И кружниот тек кај охридската “Гимназија” беше посаден со нови садници од сортите “Џунџуле” и “Салвија”.