Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за кабаст отпад „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„ и нас.„Охридати„ 09.05.2015 год

     Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„   и нас.„Охридати„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Парковите блескаат во полн сјај

Пролетта е период кога зелените површини блескаат во полн сјај, а климатските услови се најповолни за зелената вегетација и сезонските цвеќа. Така и зелените површини во градот ја имаат онаа карактеристична зелена боја на пролетта, прошарани со декоративни грмушки во разни нијанси, расцветани дрвја и сезонски цвеќа во најразличен колорит.

 Посебно во овој период пленат со убавина јапонските цреши кои се засадени на градскиот плоштад

 japonski 

Екипите на „Паркови и зеленило„ се ангажирани во тековно одржување: се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни површини, а заради неочекуваните високи температури и системите за наводнување се користат со зголемен интензитет.

park 

kosenje 

Оваа работна седмица се врши и тековно одржување на бетонската жардињера на ул.„Железничка„ каде се отстранува дивата вегетација, а оштетените садници се заменуваат со нови.

 zeleznicka

Комуналец максимално ангажиран ПРЕД-ЗА-ПО „1-ви Мај„

Заради огромниот број на домашни и странски туристи кои во Охрид престојуваа за време на првомајските празници, Ј.П.„Охридски Комуналец„ вонредно ја ангажира својата оператива, а подигнувањето на отпад на фреквентните локации се зголеми како во летната туристичка сезона -3 пати на ден. Екипите на „Јавна хигиена„ и „Услужна хигиена„ акцент ставија на стариот дел од градот, реоните каде се сконцентрирани викенд-становите, како и викенд населбите и излетничките локалитети.

Спремни ги дочекавме многубројните гости со акциите кои ги реализиравме пред „1-ви мај„. Со овие акции се расчисти крајбрежниот појас на плажите кои не се дадени под концесија . Но за жал, по празнувањето повторно исплива на површина ниската свест на поединци кои на плажите ги заборавија остатоците од догорената скара, пластичните шишиња, картонската амбалажа, најлон кеси и др.

Денес четворица комунални работници беа ангажирани за расчистување на плажата во с.Трпејца , како и пристапните улички, од каде се подигнати 3 м3 разновиден комунален отпад, а заради специфичноста на теренот беше ангажиран и чамец за транспорт на собраниот отпад.

DSC_0004

Во следните денови повторно ќе се расчистуваат и другите туристички населби.

Акција за кабаст отпад У.З.1 „Стар Град„ 02.05.2015 (сабота)

Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците мај и јуни ќе ги реализира акциите за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота во различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.

               Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Комуналец вклучен во чествувањата за Христо Узунов

При изготвувањето на годишниот план за работа, Ј.П.„Охридски Комуналец„ посебен акцент посветува на одржувањето на јавната хигиена и чистење на локалитети, споменици и спомен обележја каде се одржуваат различни манифестации и празнувања. По повод одбележувањето на 110-годишниот јубилеј од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов темелно се расчисти малиот плоштад каде беа и засадени нови садници, потоа околниот простор околу спомен куќата на Узунов, како и просторот околу неговата биста во градскиот парк.

hristo

Акција зелен отпад У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„)

            Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Генералка во „Стар Град„

Екипите на „Јавна хигиена„ , согласно Програмата за работа за 2015 год., темелно ги расчистуваат јавните површини во У.З.1.„Стар Град„. Сите улици и пристапни патеки се метат, а зелената околна вегетација рачно се коси. Денес се уредуваа улиците: „Коста Абраш„, „Цар Самоил„ , „Илинденска„ и месноста „Горни Сарај„ , а во следните денови ќе бидат опфатени сите улици од оваа урбана заедница.

stargrad

Расчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца

Ј.П.„Охридски Комуналец„ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца.

 

 lagadin

      во туристичката населба Лагадин на потегот од пред х.„Два Бисери„   до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад

 pestani

                                во с.Пештани 7 м3 трска и 10 вреќи отпад

 trpejca                             во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад

 Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните со цел да не се нарушува имиџот на нашиот најголем туристички центар. До почетокот на туристичката сезона Ј.П.„Охридски Комуналец„ на плажите во овие населби ќе ангажира комунални работници кои еднаш неделно ќе ја одржуваат јавната хигиена, а во екот на туристичката сезона плажите ќе се одржуваат секојдневно.

 

Акција зелен отпад УЗ8 „Билјанини Извори„ 18.04.2015 (сабота)

            Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори„ .

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Се чистеше крајбрежниот појас кај Лагадин

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес реализира акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридско Езеро во туристичката населба Лагадин. Се расчистуваше потегот од пред х.„Два Бисери„ до авто-камп Елешец. На плажата во изминатиот период езерските води имаа наталожено големи количини сува трска и најразновидна амбалажа од широко употреба.

 lagadin

Ангажирани се 8 комунални работници и подигнати се 10 м3 трска и околу 20 вреќи отпад.

 Во петок 17.04.2015 год. ќе се реализира акција за чистење на крајбрежниот појас во с.Пештани, а во сабота 18.04.2015 год. во с.Трпејца.

Се расчистуваа делниците до Подмоље, Св.Стефан и Орман

Екипите на „Јавна хигиена„ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел.

На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др.

 podmolje

На потегот Хидробиолошки Завод-нас.Свети Стефан (кај тунелот) за расчистување на најразличните отпадоци ангажирани се 4 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 30 вреќи отпад.

 svetistefan

Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патот до с.Орман (потег „Булевар Туристичка„ до с.Орман) од гранки и друга жбунеста и дива вегетација со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.

orman

Расчистување на “Градска Плажа”

Денеска започна расчистување на “градска плажа” на потегот од хотел “Мизо” до калето. Ангажирани се 6 работници и трактор за превоз на  собраниот отпад.  Сe врши собирање на расфрлан отпад од несовесни граѓани по должината на плажата и отпад  донесен  во сливот на река “Грашница” насобран по целото течение.  Подигнат е најразличен отпад,  комунален, пластични шишиња, најлонски ќеси, лименки и друго  во количина од 3-4м3.

DSCN0485_Fotor_Collage DSCN0485_Fotor_Collage-1 DSCN0474