Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција кабаст отпад во реон Македонски Просветители-Партизанска-Димитар Влахов-Кеј Македонија и нас.„Охридати„.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„ и нас.„Охридати„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Отстранети липите од пешачкиот остров кај „Охридска банка„

Како почетна фаза на инфраструктурниот проект кој локалната самоуправа го реализира за формирање на кружен тек на пресекот на ул.„Булевар Туристичка„ и ул.„Македонски Просветители„, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска ги отстранија четирите липи кои беа засадени на пешачкиот остров во близина на оваа сообраќајница.
Акцијата започна од раните утрински часови во координација со сообраќајната полиција. Беа ангажирани вработени од Р.Е.„Паркови и зеленило„ кои ги сечеа дрвјата со моторна пила, специјално возило ИЦБ за отсранување на корењата, подигнување на пресечените дрвја, две специјални возила за транспорт на пресечените стебла и крошните од дрвјата.
Од активностите од оваа седмица

Во оваа седмица екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на ДУТУ.„Ванчо Питошески„ како и зелената површина на кејот во близина на училиштето. Засадено е сезонско цвеќе и декоративни грмушки.
Во рамките на Програмата за одржување на јавна чистота за 2015 год., во овој период секојдневно се реализираат активности за расчистување на крајбрежниот појас покрај кејот, на потегот од х.Палас до х.Милениум каде се наталожуваат наноси од реса, трска, муљ и комунален отпад.
Се коси тревниот дел покрај коловозот на патот кој води до Спомен-паркот на Револуцијата
Се искоси тревниот дел кај станбените згради на влезот во Охрид
Акција кабаст отпад У.З.1 „Стар Град„ 05.09.2015 год.(сабота)

Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Хортикултурно уреден плоштадот кај музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило„ го уредија хортикултурно новиот плоштад кај музичкото училиште „Методи Патчев„. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет.
Се уредија зелените површини на влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на ул.„Булевар Туристичка„ и „Јане Сандански„: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување, декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки.
Се формираа зелени појаси околу дрворедот по ул.„Булевар Туристичка„ каде се формираа цветни леи со претходно поставен систем за наводнување на принципот „капка-по-капка„ и поставени се железни огради.
Поставени се стилски дрвени жардињери каде се засадени зимзелени борчиња и ниски грмушки околу нив.
Околу фонтаната е нанесен плоден слој од земја и засадено е сезонско цвеќе.
Се расчистуваше во Св.Стефан,Горица 3, Елшани и Пештани

Екипите на „Јавна хигиена„ денес го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3„ -паркинг просторот и пристапните патеки. Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)
Исто така расчистен е просторот во нас.Сфети Стефан, тревниот дел на потегот опфатен со магистралниот пат Охрид-Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат.
По силното невреме кое го зафати источниот дел од охридското крајбрежје во саботата, нашите екипи три дена ги расчистуваа наносите од земја, песок и чакал по јавните површини во с.Пештани, а денес се расчистуваше во с.Елшани.
Пред почетокот на охридскиот пливачки маратон, во текот на утрешниот ден 3 комунални работници ќе го расчистуваат пристаништето во Свети Наум. Од езерските води околу пристаништето ќе се расчисти натрупаниот отпад, ресата и трската.
Се средуваат школските дворови

Ј.П.„Охридски Комуналец„ традиционално пред почетокот на школската година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу школските дворови. Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови.
Се изврши темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на О.У.„Климент Охридски„ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој реон.
Од активностите на „Охридски Комуналец„

По налог на општинскиот инспекторат е извршено расчистување на речното корито на р.Велгошка по нејзиното течение во с.Велгошти. Речното корито е расчистено од дивата вегетација и наносите од натрупан разновиден комунален отпад.
Завршено е реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„ до централната градинка „Јасна Ристеска„, останува да се заврши потегот до пресекот со ул.„Јане Сандански„.
Екипите на „Паркови и зеленило„ ги заменуваат цвеќата во парковските површини со нови цветни расади кои ќе ги красат парковите во есенскиот период. Но многу често се соочуваме со проблеми на крадење на штотуку засадените садници или намерно оштетување на истите.
Така беше и утрово кога по јавните пешачки површини на градскиот плоштад беа расфрлани оштетни садници.
кружна сообраќајница на ул.„Булевар Туристичка„ пресек со ул.„Бистрица„
замена на цветен расад кај кружната сообраќајница на ул.„Булевар Туристичка„ пресек со ул.„АСНОМ„
замена на цветниот расад во градскиот парк
Продолжува уредувањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„

Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лигуструми по ул.„Димитар Влахов„ која добива нов лик со поставување на украсни штитници околу секое стебло, околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија„. Во првата фаза се поставува систем за наводнување на принципот „капка по капка„, а потоа следи хортикултурното уредување.
Овие активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2015 год. во која беше опфатено реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов„. Во месец јуни се започна со уредувањето на потегот од општинската зграда до пресекот со ул.„Македонски Просветители„ каде се уредени 40 стебла од дрворедот, а сега се уредува потегот од општинската зграда до централната градинка „Јасна Ристеска„. На овој потег ќе се уредат 10 стебла, а во наредниот период ќе биде опфатени преостанатите 30 стебла на потег до пресекот со ул.„Јане Сандански„.
Јавното зеленило тековно се одржува

Парковските површини екипите на „Паркови и зеленило„ секојдневно ги одржуваат и вршат санација на оштетните и деградирани садници. Се засадува нов цветен расад во паркот на градскиот плоштад и кејот чии цветови ќе ги красат парковите до доцна есен.
Согласно Програмата за одржување на јавно зеленило за 2015 год., се коси тревата и се отстранува жбунестата вегетација покрај пешачките патеки и коловозите како во централното градско подрачје, така и во приградските населби.
Денес се средуваше пешачката патека покрај каналот „Студенчишта„
а во изминатите денови се уредуваше јавното зеленило во УЗ.14 „Радојца Новичиќ„
се коси тревата околу ул.„Прилепска„
Во продолжениот викенд Комуналец максимално ангажиран

Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена„ и „Услужна хигиена„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и ангажираност на расположивата механизација и ресурси. Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот. Дневно беа подигани и депонирани на депонија „Буково„ по 1.500 м3 отпад.
Нашиот фотообјектив ја евидентира состојбата со која се справуваа нашите служби на различни локации:
1.ви август утрински часови
градски кеј
стар дел од градот
градска чаршија
ул.„Партизанска„
плажа „Парк„ по одржаниот концерт на 31.07.2015год.; плажата е вратена во првобитна состојба согласно договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец
пешачка патека после каналот Студенчишта после многубројните концерти одржани ноќта на 31.07.2015 год.
2.ри август утрински часови
стадионот „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на 01.08.2015 год. расчистен по договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец
плажа „Парк„ по одржаниот концерт на 01.08.2015 год:плажата е вратена во првобитна состојба согласно договорот склучен помеѓу организаторот и Ј.П.Охридски Комуналец
Секојдневно се чисти алгата од кејот, расчистен патот до Рамне

Екипите на „Јавна хигиена„ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј. Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.
Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патниот правец од населба Видобишта до с.Рамне. Ангажирани беа 4 работници кои извршија косење на тревата околу коловозот, ја отстранија жбунестата вегетација и надвиснатите гранки.