Category Archives: АКТУЕЛНО

Се дезинфицираат институции и станбени згради

Со цел намалување на ризиците од ширење на заразата од COVID-19 Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со активностите за дезинфекција на територијата на општина Охрид. Се дезинфицираат пристапите и внатрешниот простор на виталните објекти и институции (пошти, банки, полиција, суд, трговски центри и др.), како и јавната инфраструктурна опрема (клупи и  садови за депонирање ситен отпад). Исто така се дезинфицираат дворните места и ходниците од станбените згради во 8.ма урбана единица („Билјанини Извори„)  и ул.„Партизанска„.

 

Од понеделник продолжуваме со колективните станбени згради и во други урбани заедници на територијата на општина Охрид.

Известување за динамиката на подигање комунален отпад

            Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID – 19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата донесена на 36.тата седница на Владата на Република Северна Македонија, Ве известуваме за следното:

            На ден 11.04.2020 година(сабота) ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: “Јане Сандански” , ”Даме Груев”, “Прва Македонска Ударна Бригада”, ”Марко Цепенков”, “Андрија Јованоски”, “Момчило Јорданоски” , “Питу Гули” , “28-ми Април” и “130” .  Истиот ден ќе вршиме само подигање на комуналниот отпад депониран во контејнерите поставени во централното градско подрачје.

               Подигањето на комуналниот отпад од горенаведените улици ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид ќе го изврши на ден 15.04.2020 (среда) .

Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

IMG_20200403_0002

По вчерашниот снег скршени гранки на повеќе локации

Снегот кој заврна во текот на вчерашниот  ден на територијата на општина Охрид не направи поголеми проблеми во сообраќајот но поради влажноста  и тежината на снегот на повеќе локации во градот имаше скршени гранки и оштетени дрвја.

Екипите на „Паркови и зелeнило„ веднаш излегоа на терен и ситуацијата беше санирана со што е овозможено непречено движење на пешаците и возилата. Со помош на чамец се отстрануваа и скршени гранки од каналот Студенчишта.

Продолжува дезинфекција на јавните површини

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува интензивно да работи на третирање на јавните површини со дезинфекционо антибактериско средство.

И денес се прскаат коловозите, пешачки патеки, паркинг зони и пристапни улици како во централно градско подрачје, така и во периферните делови од градот. Сите овие мерки се првземаат за поуспешно справување и запирање на ширење на заразата предизвикана од опасниот вирус COVID-19.

АПЕЛ- Не фрлајте ги заштитните маски и ракавици по јавните површини

Деновиве нашите служби задолжени за одржување на јавната и услужна хигиена се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи. По јавните површини (покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини) наоѓаме расфрлани заштитни маски и ракавици.

Затоа упатуваме апел-„Заштитните маски и ракавици уредно спакувани и затворени да се депонираат исклучиво во садовите за депонирање отпад!„   

Доколку сами не се заштитиме и не покажеме поголема свест и одговорност, никој не може да не заштити.

Заради COVID-19 јавните тоалети надвор од употреба

Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба јавните тоалети во Охрид. Претходно истите темелно се дезинфицирани.

Дезинфекција на детските игралишта, Здравствен дом, јавни претпријатија …

Со несмален интензитет  продолжуваме со дезинфекција на јавните површини на територијата на општина Охрид и приградските населби. Денес посебно внимание посветуваме на здравјето на нашата најмлада популација и се дезинфицираат детските игралишта на целата територија на општината: ул.„Булевар Туристичка„ (на влезот во Охрид), во населба „Даљан„ , кај училиштето „Братство„-Лескајца, ул.„Крали Марко„, нас.„Даме Груев„, кај „Отекс„, ул.„Сирма Војвода„ , нас.Видобишта, нас.„Гоце Делчев„ и централна детска градинка.

Со антибактериско дезинфекционо средство се третираа и јавните површини и пристапи во Здравствениот дом во Охрид и пристапните патеки кај комплексот од згради на пресекот од „Булевар АСНОМ„ и „Сирма Војвода„ ,

пешаката патека од каналот Студенчишта до Парк, скејт-паркот, фитнес зони и детското игралиште ,

влезовите и дворните места од јавните претпријатија .

Дезинфекционите активности  ќе се спроведуваат во текот на денот и се планира да се третираат јавните површини во приградските населби: Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Куратица, Сирула и Вапила.

Продолжува дезинфекцијата-денес чаршијата и градскиот парк

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со вонредните превентивни мерки за дезинфекција на јавните површини кои ги третираме со дезинфекционо средство согласно препораките за спречување на заразата од вирусот COVID-19.

Денес се дезинфицира чаршиjата (почнувајќи од старата чаршија, плоштадот кај Чинарот,  па се` до плоштадот Св.Климент Охридски и паркот пред рибниот ресторан), потоа градскиот кеј со сите патеки каде е дезинфицирана и урбаната опрема и клупите и детското игралиште пред НУЦК.„Григор Прличев„ .

Дезинфекција на јавните површини во ЈЗУ„Општа болница„-Охрид

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во ЈЗУ„Општа болница„-Охрид (влезот во здравствената установа, коловозните површини, тротоарите и сите пристапи кон различните оддели) .

Со цел спречување на ширењето и сузбивањето на Корона вирусот – COVID-19  нашето претпријатие  спроведувае сет  превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржуавње на јавната чистота на највисоко ниво.

Генералка на ул.„Железничка„

Согласно завршување на обврските по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во зимски услови, Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува активности за генерално чистење на ул „Железничка„ . Овој магистрален пат во зимската сезона беже одржуван од страна на „Македонија Пат„ и беа посипувани абразивни средства на коловозот.

Се метат коловозните ленти и тротоарите од нанесените абразивни средства  и се отстранува ниската вегетација и расфрлан ситен отпад.  По завршувањето на ул.„Железничка„ ќе се продолжи со магистралниот пат „15-ти Корпус„.

Апел до граѓаните и правните лица поврзан со COVID-19

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид упатува апел до сите граѓани и правни лица – наши корисници да ги ограничат посетите на канцелариите на нашето претпријатие и да се придржуваат целосно на сите препораки кои ги издаде Владата на Република Северна Македонија во врска пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19. Сите наши сектори продолжуваат посветено да работат во одржување на највисоко ниво на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид, а граѓаните и правните лица, се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат алтернативните начини за добивање на нашите услуги. На распологање е електронската наплата и  електронската комуникација :

–  електронска наплата преку   www.eohridskikomunalec.com.mk

-е-маил ohridkom@t.mk    

-контакт-формата на нашата веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk 

 

и дежурните телефони:

Дирекција:  ++389/46-263-325;   ++389/46-250-142;
Наплатна служба:  046-268-248
Механизација:  046-265-353
Паркови и зеленило:  046-250-142