Category Archives: АКТУЕЛНО

Под налетите од ветрот скршено дрво на „Македонски Просветители„

Под налетите на силниот ветар кој дуваше во попладневните часови во охридскиот крај, се скрши дрво од дрворедот по улицата „Македонски Просветители„ , во близина на кружниот тек кај „Охридска банка„. Дрвото од видот „липа„ беше старо и деградирано и не издржа, но за среќа не е предизвикана  матерјална штета. Нашите служби веднаш излегоа на терен и дрвото  веднаш е отстрането, а околниот простор темелно расчистен.

Ситуацијата е вратена во нормален тек, а сообраќајот и движењето на пешаците се одвива непречено.

Повторно во употреба јавните тоалети кај Т.Ц.АМАМ

 Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги информира граѓаните дека од 01.06.2020 год. (понеделник) повторно ги става во употреба јавните тоалети лоцирани кај мини-плоштадот во близина на Т.Ц.АМАМ. Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба  јавните тоалети.

Засадени нови дрвја на патеката до Парк

Екипите на „Паркови и зеленило„ засадија нови садници на потегот од последниот етапен дел кој се реконструира на патеката од каналот Студенчишта до поранешниот хотел „Парк„ кај месноста Горица.

Засадени се 15 дрвја од видот каталпа. Овие атрактивни листопадни дрвја се карактеризираат со брз раст, крупен срцевиден лист  и широка крошна.

 

Се уредуваат зелените површини во приградските населби

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се постојано ангажирани  во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило  во градот и приградските населби. Во изминатите денови интензивно се уредуваа приградските населби. Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите, покрај граничниците, коловозите и другите  пешачки и јавни површини во селата Подмоље, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и Косел.

Подмоље

Велгошти

Лескоец

Горно Лакочереј

Долно Лакочереј

Косел

Повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

Ве молиме отворете на линкот подолу:

IMG_20200512_0001

Извршен вонреден третман на депонијата „Буково„

Службите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ извршија вонреден третман на делот од депонијата „Буково„ кој тлее и од него избива чад. Со ангажирање на цистерната теренот беше третиран со специјално биолошко средство-органска алга и ситуацијата е санирана.

 

Започна уредувањето на паркот „Мазија„

Ј.П.„Охридски комуналец“ започна со активностите за уредување на паркот „Мазија„.  За расчистување на локалитетот од жбунеста и дива вегетација е ангажирана  специјална механизација, а ќе се изврши уредување на крошните од четири врби, додека други четири врби ќе бидат отстранети бидејќи се болни и потполно исушени.

Известување-забрането паркирање кај новиот плоштад кај Табана

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека во периодот 09.05.2020 год.(сабота)-11.05.2020 год. (понеделник) е забрането паркирање на автомобилите на просторот од новиот плоштад кај Табана-ул.„Коста Абраш„. Нашето претпријатие во тој период ќе ги поставува декоративните жардињери па заради непречно реализирање на активностите се замолуваат граѓаните да го почитуваат ова известување.

Хортикултурно се одржуваат шумските патеки во Стар Град

Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ хортикултурно ги одржуваат шумските патеки во стариот дел од градот. Се коси тревата покрај патеките кои водат:

  •      од Саат-Кулата до Св.Сава;
  •     од Св.Сава до Горна Порта;
  •     од Самоиловата тврдина до црквата Св.Јован Канео;
  •     од нас.Кошишта, покрај Лабино до црквата Св.Јован Канео.

На повеќе локации се подигаше несовесно депониран кабаст отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец“  секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабаст и градежен отпад од страна на несовесни граѓани. И покрај бројните интервенции на нашите екипи, некои локации во градот  претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии од страна на локалното население , кои ослободувајќи се од ваков вид отпад од своите домови  ја загадуваат животната околина.

Подигнат е кабастиот отпад (мебел, покуќнина и др.) оставен на самиот пат во нас.Даљан

Расчистена мини-депонија од расфрлан кабаст отпад и градежен шут во стариот дел од градот

Постојано спроведуваме едукативни кампањи и акции со цел да им укажеме на нашите сограѓани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. На локациите кои претставуваат црни точки поставени се и информативни табли и се надеваме дека граѓаните ќе соработуваат со нашите служби и сите неправилности околу депонирањето на отпадот ќе го пријават на дежурниот телефоон 075-495-428. Според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, во спротивно истото подлежи на соодветно санкционирање.

Генералка на новиот плоштад „Табана„

По завршувањето на градежните зафати кај новиот плоштад „Табана„ на ул.„Коста Абраш„ екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ го расчистија темелно просторот. Се изврши миење и метење  на реконструираниот мини-плоштад.

Се уредуваат зелените површини

Екипите на „Паркови и зеленило„ деновиве интензивно работат на средување на зелените градски површини. Со овие активности се опфатени сите јавни зелени површини покрај сообраќајниците,  пешачките острови,   кружни текови, дворните места пред објектите за колективно домување, градскиот парк и рекреативните зони.

Се отстранува ниско-стеблеста вегетација од тротоарите и покрај граничниците од коловозите, а тревата се коси машински и рачно. Со овие активности од следната недела ќе бидат опфатени и селата и туристичките населби.