Category Archives: АКТУЕЛНО

Бројни активности за подигнување на јавната чистота и зеленило

И покрај кризната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ со несмален интензитет секојдневно реализира голем број редовни и вонредни активности за подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.

Денес се расчистуваше речното корито од река Грашница, на потегот од „Булевар Туристичка„ до вливот во Охридско Езеро, од расфралан тешко разградлив комунален отпад.

 

Од расфрлан ситен комунален отпад се расчистуваше и делот покрај коловозните ленти од магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид  до с.Подмоље.

Од раните утрински часови се расчистуваше градското пристаниште од натрупаниот отпад исфрлен од езерските води како последица од синоќешното невреме проследено со силен ветар.

Детално се расчистуваа  и хортикултурно се уредуваа улиците и пристапните патеки во стариот дел од градот.

Се расчистува патниот правец до Велестово и каналот до Билјанини Извори

Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„.

Се расчистуваше и каналот кој води од спортскиот центар „Билјанини Извори„ , покрај административната зграда на Ј.П,„Водовод„-Охрид,  до каналот Студенчишта. И овде се подигнаа огромни количини ситен комунален отпад (тешко разградлива пластична амбалажа, најлон кеси и др).

Повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

Ве молиме отворете на линкот подолу:

закуп

Во пресрет на Велигден дезинфицирани верските објекти

Во пресрет на велигденските празници Ј.П.„Охридски Комуналец„ , во координација со локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија,  спроведе широко-опфатни дезинфекциони активности  на верските објекти на територијата на општина Охрид. Со антибактеристико дезинфекционои средство се третираа пристапите, дворните места и внатрешниот простор од црквите: Св.Софија, Св.Богородица Перивлептос, Св. Богородица – Каменско , Св.Пантелјемон и Св.Климент Охридски (Плаошник), Св Јован Богослов-Канео, Св.Никола -Геракомија, Св.Никола (Долна Влашка Маала) и Св.Ѓорѓија.

Се дезинфицираат институции и станбени згради

Со цел намалување на ризиците од ширење на заразата од COVID-19 Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со активностите за дезинфекција на територијата на општина Охрид. Се дезинфицираат пристапите и внатрешниот простор на виталните објекти и институции (пошти, банки, полиција, суд, трговски центри и др.), како и јавната инфраструктурна опрема (клупи и  садови за депонирање ситен отпад). Исто така се дезинфицираат дворните места и ходниците од станбените згради во 8.ма урбана единица („Билјанини Извори„)  и ул.„Партизанска„.

 

Од понеделник продолжуваме со колективните станбени згради и во други урбани заедници на територијата на општина Охрид.

Известување за динамиката на подигање комунален отпад

            Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID – 19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата донесена на 36.тата седница на Владата на Република Северна Македонија, Ве известуваме за следното:

            На ден 11.04.2020 година(сабота) ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: “Јане Сандански” , ”Даме Груев”, “Прва Македонска Ударна Бригада”, ”Марко Цепенков”, “Андрија Јованоски”, “Момчило Јорданоски” , “Питу Гули” , “28-ми Април” и “130” .  Истиот ден ќе вршиме само подигање на комуналниот отпад депониран во контејнерите поставени во централното градско подрачје.

               Подигањето на комуналниот отпад од горенаведените улици ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид ќе го изврши на ден 15.04.2020 (среда) .

Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

IMG_20200403_0002

По вчерашниот снег скршени гранки на повеќе локации

Снегот кој заврна во текот на вчерашниот  ден на територијата на општина Охрид не направи поголеми проблеми во сообраќајот но поради влажноста  и тежината на снегот на повеќе локации во градот имаше скршени гранки и оштетени дрвја.

Екипите на „Паркови и зелeнило„ веднаш излегоа на терен и ситуацијата беше санирана со што е овозможено непречено движење на пешаците и возилата. Со помош на чамец се отстрануваа и скршени гранки од каналот Студенчишта.

Продолжува дезинфекција на јавните површини

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува интензивно да работи на третирање на јавните површини со дезинфекционо антибактериско средство.

И денес се прскаат коловозите, пешачки патеки, паркинг зони и пристапни улици како во централно градско подрачје, така и во периферните делови од градот. Сите овие мерки се првземаат за поуспешно справување и запирање на ширење на заразата предизвикана од опасниот вирус COVID-19.

АПЕЛ- Не фрлајте ги заштитните маски и ракавици по јавните површини

Деновиве нашите служби задолжени за одржување на јавната и услужна хигиена се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи. По јавните површини (покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини) наоѓаме расфрлани заштитни маски и ракавици.

Затоа упатуваме апел-„Заштитните маски и ракавици уредно спакувани и затворени да се депонираат исклучиво во садовите за депонирање отпад!„   

Доколку сами не се заштитиме и не покажеме поголема свест и одговорност, никој не може да не заштити.