Category Archives: АКТУЕЛНО

Се подигаат снежните наноси и се расчитуваат спомен обележјата на Григор Прличев

По вчерашните снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес пристапија кон подигање на снежните наноси од чаршијата и плоштадот.

По повод чествувањата за нашиот литературен великан од раните утрински часови се расчистија локациите од спомен обележјата на Григор Прличев.

Со првиот снег Комуналец на терен од раните утрински часови

Првите снежни врнежи Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги дочека спремно. Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег  во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок на оперативните служби и екипирани се дежурните служби кои излегоа на терен од раните утрински часови. Ангажирана е расположивата механизација за дејствување во зимски услови: два камиони со приклучоци епоха и ножеви за чистење снег, трактори со нож, две соларки, помал багер за чистење снег во тесни улици и др.  Согласно Програмата за зимско одржување  на територија на општина Охрид за 2020 год., третирани се со абразивни средства улицитe со највисок приоритет и ризик во зимски услови, а потоа се опфатени и останатите. Се отстрануваат и снежните наноси по чаршијата, тротоарите и јавните пешачки зони.

 

Се расчистуваат речните корита на територијата на општина Охрид

Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведува акција за чистење на речните корита и сливните подрачја на територијата на општина Охрид согласно годишната програма на Секторот за комунални дејности при општина Охрид. Се расчитува депонираниот разновиден комунален и друг вид отпад со цел да се обезбеди нормален проток на водата во речните корита и сливните подрачја и превентивно ќе се делува во заштитата од поплави и излевање, а истовремено ќе се намали загадувањето на езерото.

Расчистено е речното корито на р.Сушица на потегот од ул.„Живко Чинго„ до ул.„Железничка„, река Грашница при вливот во Охридско Езеро, а ќе се расчистува и коритото во с.Рача до вливот во езерото.

Депонирани абразивни средства на повеќе пунктови

На повеќе локации  депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ ( бараки), по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и  тоа:  с.Елшани , с.Долно Коњско , с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и  „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.

Нов дрворед покрај каналот Студенчишта

На пешачката патека покрај каналот Студенчишта екипите на „Паркови и зеленило„ оформија нов дрворед од садници од видот „ликвидамбар„. Засадени се 25 дрвја од овој вид кој претставува исклучително декоративно, дрворедно и парковско дрво кое има брз раст и формира широка правилна пирамидална крошна која може лесно да се режи и формира во посакуван облик . Листот е со темнозелена боја која наесен преминува во жарко црвена. Добро ги поднесува градските аеро-услови и климатските промени.

Се разубавуваат кружните сообраќајници-Генералка во Подмоље

Екипите на „Паркови и зеленило„ ги разубавуваат кружните сообраќајници во градот со засадување на сезонско цвеќе кое ќе ги оплемени овие локации до летната сезона.

Во рамките на предвидените активности со Програмата за работа за 2019 год. се спроведе генерално чистење во с.Подмоље. Генарално се чистеа јавните површини (тротоари и граничници), се одстранија наносите од земја и песок, се подигна расфрланиот комунален отпад и се искосија зелените јавни површини.

„Генералка„ на ул.„Железничка„

Екипите на „Јавна хигиена„ спроведоа генерално расчистување на фреквентниот  магистрален пат -ул.„Железничка„.  Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и  подигнат е расфрланиот отпад.

 

Информативни табли за забрането фрлање отпад

 Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад). Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации -црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше.

Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата најстрого е забрането фрлање на отпад на јавни површини и во природата, односно надвор од определените места и садови  за одлагање на отпад. Согласно Законот за Јавна чистота  казна ќе  му се  изрече на секое лице кое постапува спротивно и не ја почитува забраната односно фрла отпад на јавна површина. Притоа апелираме секоја девијантна појава и непочитување на јавната чистота граѓаните да ја пријавуваат на тел.075-495-428.

Се разубавуваат зелените површини со зимска реколта

Започнаа  активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Денес екипите на „Паркови и зеленило„  го разубаваа паркот во близина на градскиот плоштад и покрај кејот, а ќе се оплеменат зелените градски површини во централното градско подрачје (градските парковски површини, кружните сообраќајници,  патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк) како и периферините делови од градот. Предвидено е  да се засадат вкупно 50.000 садници од  видот viola (очиња) од сопствено производство.

J.П.„Охридски Комуналец„ го одбележа својот патронен празник

J.П.„Охридски Комуналец„ денес го одбележа својот патронен празник  “7-ми Ноември„ .  Патронатот беше одбележан  со набавка на четири нови возила за потребите на јавните претпријатија кои општина Охрид ги доби преку грант на Светска банка. Нашето претпријатие доби комбинирана машина ровокопач-утоварувач со која во голема мерка ќе се олеснат тековните обврски. Секојдневно се трудиме нашите услуги да ги подигнеме на повисоко ниво со цел Охрид да стане модерен туристички центар со уредени јавни површини и зеленило.

 

 Со пригодна свеченост  на вкупно 14 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години  непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец” и тоа : седум вработени за 30-годишно работење, пет вработени за 20-годишно работење и двајца вработени за 10-години непрекинат работен стаж.