Category Archives: АКТУЕЛНО

Се чисти мермерниот плочник од чаршијата

Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”  уште од раните утрински часови  спроведуваат активности за чистење на мермерниот плочник од чаршијата.

Чаршијата се чисти на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот. Ангажирани се 7 комунални работници кои рачно со специјални шпакли ги расчистуваат наслагите на плочникот, а паралелно  се врши и миење со цистерна.

Расчистена депонијата на плажата Лабино

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска спроведе акција за расчистување на дивата депонија на плажата Лабино лоцирана во делот под карпите. Поради непристапноста на теренот акцијата се спроведуваше со помош на чамец и беа ангажирани 7 комунални работници.

Подигнатиот отпад со чамец е транспортиран до Грашница, а потоа со специјално комунално возило е соодветно депониран.

Акција за расчистување на повеќе локации

По налог на секторот за комунални дејности, сообраќај и улици денес се изврши чистење на неколку локации на територијата на општина Охрид. Се чистеше на потегот од кружниот тек кај ул.Јане Сандански  до кружниот тек на пресекот на ул.Марко Цепенков со ул.Момчило Јорданоски. Се расчистуваше расфрлан комунален отпад, кабаст отпад како и поголема количина на градежен шут.
Се расчистуваше и наспроти влезот на црквата Св.Ѓорѓија и се подигна поголема количина на градежен шут и се изврши порамнување на просторот со градежна машина.
Се работеше и на потегот од населба Видобишта до с.Рамне од расфрлан комунален отпад, градежен шут како и кабаст отпад.
Во овие акции беа ангажирани општи работници, градежна машина како и возило кипер и беа подигнати и отстранети 16м3 отпад.

Оглас за продажба на старо железо

Оглас за прибирање понуди

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид врши продажба на основни средства-возила како старо железо:

Ве молиме отворете на линкот подолу:

Oglas za pribiranje na ponudi

Се расчистува магистралниот пат Охрид-с.Подмоље

После успешно завршената акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, денес се пристапи кон расчистување на магистралниот пат Охрид-с.Подмоље. Акцијата започна во 5 часот при што се ангажирани 10 комунални работници.

Повторно се расчистува патот до с.Велестово

Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад.
Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Уредување на спомен паркот на загинатите бугарски туристи во 2009 година

 

Ј.П. “Охридски комуналец” изврши уредување на спомен паркот на загинатите бугарски туристи во 2009 год. каде денес ќе се изврши положување на цвеќе од страна на бројни делегации.

 

Тековно чистење на крајбрежјето од алга

Тековно се чисти крајбрежјето на потегот од пристаниште до хотел “Милениум” секој ден од алга која е во фаза на распаѓање.

Акција за расчистување патен правец Охрид-Св.Наум

По завршувањето на главната туристичка сезона Ј.П.„Охридски Комуналец„ од денеска повторно спроведува широко-опфатна акција за подигнување на расфрланиот ситен комунален отпад покрај коловозот на магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Акцијата се одвива етапно по целата должина на овој патен правец , ангажирани се 10 општи комунални работници и ќе се реализира и во наредните денови.

Иако се работи за магистрален пат и расчистувањето не е во наша надлежност, во интерес на граѓаните, туристите и престојниот маратон кој ќе се реализира во празничниот викенд, нашите служби ќе го подигнат сиот отпад кој несовесните граѓани го оставиле зад себе.

Оглас за продажба на стара отпадна хартија

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид врши продажба на стара отпадна хартија.

Ве молиме отворите на линкот подолу:

IMG_20190823_0001