Category Archives: АКТУЕЛНО
Реакција на ЈП „Охридски Комуналец“ на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
Реакција на ЈП „Охридски Комуналец“ на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
15.08.2019 (четврток)
Почитувани господа од ВМРО-ДПМНЕ, Вашите прес конференции со кои секојдневно сакате да го привлечете вниманието на јавноста се неосновани и ја покажуваат само Вашата очајна цел за собирање евтини политички поени.
Доколку бевте навистина загрижени каде се трошат парите на граѓаните, преку Законот за пристап до информации од јавен карактер можевте да добиете детална слика за финансиската конструкција на расходите за репрезентација.
Во однос на прозивките дека директорот на јавното претпријатие, неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација, сакаме да потенцираме дека дури 80% од износот кој е потрошен за репрезентација е врз основа на одлуката на Управниот одбор на претпријатието, да се исплатат 51.000 денари за традиционалната „Комуналијада“ и обезбедување на храна за работниците, кои работат прекувремено во лето и зима. Имајќи ги во предвид меѓучовечките односи, колегијалноста и коректниот однос, раководниот тим на ЈП „Охридски Комуналец“ секогаш е насочен кон обезбедување на подобри услови за работа на вработените.
Во времето кога со претпријатието управуваше Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедувањето на храна за работниците и мотивациониот „Тeam building“ беше мисловна именка. Дека ова раководство се грижи за вработените, покажува и фактот дека после долго време, претпријатието повторно исплати К-15 за сите вработени.
Во интерес на граѓаните, кои најдобро знаат да проценат што е лага, а што е вистина, ќе споделиме низа факти и бројки, кои се далеку од недомаќинско и неодговорно работење на раководниот тим на ЈП „Охридски Комуналец“.
Со правилно менаџирање на финансиите и основните средства и покрај наследените долгови во 2018 година, ЈП „Охридски Комуналец“ издвои сопствени средства за инвестиции во вредност 9 милиони денари за основни средства, компјутерска опрема, специјални возила и алати. Набавени се две специјални возилаод 22 м3 за собирање на комунален отпад, едно возило „ман-кипер“, набавен е „мулчер“ со кој во голема мера е олеснато косењето и одржувањето на големи зелени површини, набавена е професионална машина за миење на возилата, трактор за косење на мали парковски површини, електромотор за наводнување и тримери за косење.
Важно е да се нагласи дека во насока на подигнување на капацитетот и подобрување на услугите, за потребите на ЈП „Охридски Комуналец“ Општина Охрид преку кредитна линија од Светска банка набави 7 специјални комунални возила. Две возила за собирање на комунален отпад со надградба со капацитет од 3м3, две возила за собирање на комунален отпад со надградба со капацитет од 8м3, едно возило за собирање комунален отпад со надградба со капацитет од 20 м3 за собирање и транспорт од контејнери за отпад, едно возило за миење улици-цистерна со капацитет од 8.000 литри и едно специјално возило-трактор.
Исто така ЈП „Охридски Комуналец“ во целост го исплати долгот на претпријатието кон „Охридска Банка“ во износ од 3 милиони денари, а врз основа на вонсудски спогодби исплатени се околу 6 милиони денари, при што има заштеда од камати од 600.000 денари.
По сето ова што е изнесено, следуваат прашањата – Зошто ВМРО-ДПМНЕ во времето на нивното локално владеење не се насочи кон инвестиции и мерки за подобрување на работењето на ЈП „Охридски Комуналец“. Токму затоа остануваат само популистичките прес-конференции без споредба за сработеното од минатиот менаџерски тим.
Со почит,
ЈП „Охридски Комуналец„
Директор Љупчо Грданоски
Комуналец помага во гасењето на пожарот во Дебрца
Комуналец максимално ангажиран во шпицот на сезоната
Во деновите кога Охрид го живее шпицот на туристичката сезона и кога во градот на разни локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се максимално ангажирани 24 часа со сите свои технички и човечки ресурси. Покрај тековните активности околу подигувањето на сметот и одржувањето на јавната чистота и зеленило, се справуваме и со мега концертите во поранешната касарна и на стадионот „Билјанини Извори„. Зголемена е динамиката на подигнување на сметот од хотелските комплекси, плажите и рестораните.
Но голем проблем ни создаваат групи од млади луѓе кои се забавуваат на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот, притоа оставајќи ја зад себе сета своја комунална некултура . За жал прекрасниот амбиент на древниот Охрид кој плени со својата автентичност и природна убавина се уништува во глетката од расфрлени шишиња, отпадоци од храна и цигари. Крајно време е да проработи еко-свеста кај младите генерации и ова прекрасно езеро и град да го зачуваме за идните генерации.


По синоќешното невреме екипите на Комуналец на терен
По синоќешното невреме проследено со силен ветер и врнежи кое остави големи штети на источното крајбрежје на Охридското Езеро, екипите на „Охридски Комуналец„ веднаш интервенираа во с.Трпејца и манастирско-туристичкиот комплекс Свети Наум.


Се санираше состојбата со паднати дрвја и скршени гранки на крајбрежјето во с.Трпејца и им излеговме во пресрет на локалното население

во Свети Наум се санираа скршените дрвја и гранки
Расчистен комплексот „Свети Наум„
Традиционално, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум спроведе акција за темелно расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад од контејнерите, расфрланиот ситен комунален отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.



Бројни активности-се расчистува патен правец до Велестово, нови канти во Стар Град…
Ј.П.„Охридски Комуналец„ континуирано се соочува со проблемот од несоодветно депонирање и расфрлање на отпад на патниот правец кон С.Велестово. Денес повторно се реализира акција за расчистување на овој патен правец и шумскиот дел покрај коловозот.

Со цел повисок степен на јавна чистота во стариот дел на градот по улиците : „Илинденска„ , „Кузман Капидан„ , „Коста Абраш„ и „Цар Самоил„ се поставени нови 15 канти за депонирање отпад со капацитет од 240 литри.

Се уреди просторот и патниот правец до црквата Св.Наум во С.Лескоец.

Во пресрет на триатлонот кој ќе се одржува претстојниот викенд во Охрид, по барање на организаторот се уредуваа патеките каде истиот ќе се одржува.

Се санира пристаништето пред капетанијата
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар.

После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Бројни активности за почист град
И изминатава работна седмица екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани во подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило во градот и приградските населби.
Се уредуваше крајбрежниот појас на потегот од под Калето до вливот на река Грашница во Охридско Езеро. Ангажирана беше специјална механизација во подигање на расфрланиот кабаст отпад, градежен шут и рамнење на теренот.

Се уредуваше крајбрежниот појас од плажите кои не се дадени под концесија потег Лагадин-камп Елешец.

Рачно се расчистуваше ресата од водите на езерото кај пристаништето .

Поради несовесно однесување на поединци и деградирачки однос кон урбаната опрема се превзедоа санациони активности и поставување нови фундаменти за корпите за ситен отпад околу градскиот пазар, ул.„Македонски Просветители„ и градскиот парк.

Се уредаваше и јавното зеленило и се косеше тревата и дивата вегетација на следните локации:

покрај магистрален пат с.Косел-с.Вапила

шумскиот дел покрај патот до Горна Порта

Се продолжи со уредување на зелениот појас покрај патот до населба Свети Стефан.
Се уредуваат јавни и зелени површини
Деновиве екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ превземаат интензивни активности, како редовни, така и вонредни, околу уредувањето на зелените површини и подигнување на степенот на јавната чистота во Охрид и приградските населби.

Се искосија зелените површини во стариот дел на градот, покрај пешачката патека од Горна Порта до Канео, пристапната патека до Лабино, шумскиот дел околу Самоиловата Тврдина и новата патека кај Саат-кулата.

Се продолжи со активностите околу засадување на летната цветна реколта во парковите.

Темелно се расчисти делот пред пристаништето: се подигна натрупаниот отпад и муљ и се отстрани ниската вегетација.


Иако одржувањето на зеленилото покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум не е во наша надлежност, се искоси тревниот дел покрај коловозните ленти, како и средишниот дел меѓу коловозните ленти на потегот Хидробиолошки завод- Св.Стефан.
Се засадува летната реколта цветен насад
Деновиве во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови и зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, се засадува летната цветна реколта. Цветниот насад од видовите: агератум, салвија, петунија, “Лепи Јово” и “џунџуле” ќе ги краси парковите во летниот и есенскиот период.


Според годишниот план за 2019 год, од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.
Пуштено во употреба електрично возило за собирање отпад
Ј.П.„Охридски Комуналец„ го пушти во употреба специјалното возило со електричен погон за собирање на ситен отпад и празнење на корпите кои се поставени за оваа намена по чаршијата и пешачките зони во централното градско подрачје.

Пред почетокот на туристичката сезона корпите ќе се празнат во една смена во текот на денот, а во екот на туристичката сезона во две смени. Дефинирана е динамика според која корпите ќе се празнат со електромобилот во доцните ноќни часови кога и фреквенцијата на движење се намалува. Ќе се опфатат чаршијата, кејот, патеката до Горица, патеката покрај каналот Студенчишта и улиците во стариот дел од градот.
Електромобилот е набавен од сопствени средства, лесен е за ракување, не создава бучава и не го загадува воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користи во најфреквентните делови на градот.
Се уредуваат зелените и јавните површини
Денеска нашите дежурни екипи беа максимално ангажирани во подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило во с.Подмоље, нас. Свети Стефан и локалитет Горица, с.Пештани, ул.„Даме Груев„ заедно со комплекс згради во населбата и ул.„АСНОМ„.

Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите и покрај пешачките површини по ул.„Даме Груев„ заедно со комплекс згради во оваа населба

Повторно се подигна расфрланиот ситен комунален отпад во туристичките населби Горица и Свети Стефан

Детално се чистеа јавните површини во с.Пештани

Се косеше тревата и се расчистуваа пешачките патеки во с.Подмоље.


























