Акција за расчистување на повеќе локации

По налог на секторот за комунални дејности, сообраќај и улици денес се изврши чистење на неколку локации на територијата на општина Охрид. Се чистеше на потегот од кружниот тек кај ул.Јане Сандански  до кружниот тек на пресекот на ул.Марко Цепенков со ул.Момчило Јорданоски. Се расчистуваше расфрлан комунален отпад, кабаст отпад како и поголема количина на градежен шут.
Се расчистуваше и наспроти влезот на црквата Св.Ѓорѓија и се подигна поголема количина на градежен шут и се изврши порамнување на просторот со градежна машина.
Се работеше и на потегот од населба Видобишта до с.Рамне од расфрлан комунален отпад, градежен шут како и кабаст отпад.
Во овие акции беа ангажирани општи работници, градежна машина како и возило кипер и беа подигнати и отстранети 16м3 отпад.

Share