Category Archives: АКТУЕЛНО

Јавен оглас број 2/2021 за пополнување на работно место на  Помошно-технички персонал

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид објавува Јавен оглас број 2/2021 за пополнување на работно место на  Помошно-технички персонал по пат на вработување

Огласот и Пријавата  можете да ги преземете од линковите подолу:

линк до Огласот

оглас

линк до Пријавата

prijava

Известување до нашите корисници за промена на жиро-сметката од Охридска банка

Заради преземањето на Охридска банка АД Скопје и нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните и правните субјекти, корисници на нашите услуги, дека од 19.07.2021 год. нема да бидат во можност да извршат уплати на сметки и фактури за услугата подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад, како и други услуги на Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид преку Охридска банка АД Скопје .

Од 19.07.2021 год. се променува постоечката денарска жиро-сметка (530-0001000731-36- Охридска банка АД Скопје)

и истата од овој датум ќе биде заменета со:

250-0001000731-68    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Жиро-сметките кои Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги поседува во други банки остануваат непроменети.

На граѓаните и правните субјекти на располагање им ја нудиме и електронската онлајн наплата без провизија, потоа наплата без провизија во нашиот наплатен центар лоциран во зградата на Градски пазар-Охрид, наплата преку отворање на траен налог , како  и на шалтерите од банките.

–  електронска наплата за физички лица                             www.eohridskikomunalec.com.mk

 

Јавен оглас број 1/2021 за пополнување на работни места на  Помошно-технички персонал

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид објавува Јавен оглас број 1/2021 за пополнување на работни места на  Помошно-технички персонал

Огласот  можете да го преземете од линкот подолу:

линк до Огласот

Oglas 12021

Секојдневно уништување и кражби на урбаната опрема

Како јавно претпријатие надлежно за одржување на јавна и услужна хигиена и јавното зеленило, секојдневно се соочуваме со проблеми со уништување и кражби на урбаната и комунална опрема.

Ни еден месец не е изминат откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ на плажите кои не се под концесија (плажите кај локалитетите Горица 3 , Славија и Свети Стефан, плажата после х.Метропол до Лагадин и  кај плажата Атлантис )  постави садови за депонирање ситен отпад, а веќе во текот на вчерашниот ден садовите се украдени од плажата кај локалитет Горица 3.

Покрај причинетата материјална и финансиска штета , најголема штета трпат граѓаните и многубројните туристи кои  уживаат во благодетите на Охридското Езеро. Во текот на  денешниов ден се оставени нови садови за депонирање ситен отпад кои се надеваме нема да се цел на вандалско и деструктивно однесување.

 

Јавен оглас број 1/2021 за пополнување на работни места

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид објавува Јавен оглас број 1/2021 за пополнување на работни места на  даватели на јавни услуги по пат на вработување

Огласот  и    Пријавата можете да ги преземете од линковите подолу:

линк до Огласот

oglas

линк до Пријавата

prijava

 

 

Интерен оглас број 1/2021

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид објавува Интерен оглас број 1/2021 за пополнување на работните места за унапредување на даватели на јавни услуги во Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид

Огласот  и    Пријавата можете да ги преземете од линковите подолу:

линк до Огласот

oglas

линк до Пријавата

IMG_20210707_0006

 

 

 

 

 

Комуналец со низа активности за подигнување на јавната чистота на плажите

Ј.П.„Охридски Комуналец„ спрoведува низа активности за подигнување на јавната чистота на плажите кои не се под концесија. Во таа насока на плажите кај локалитетите Горица 3 , Славија и Свети Стефан, плажата после х.Метропол до Лагадин и  кај плажата Атлантис  се поставени канти за депонирање ситен отпад.

Денес темелно се расчистуваше и хортикултурно се уредуваше плажата локалитет Горица 3, а со овие активности ќе се продолжи и по останатите плажи.

Известување до јавноста за Годишниот план за вработување

Ја известуваме јавноста дека во измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување бр.02-767/5 од 20.05.2021 год., направена е техничка грешка  односно табелата број 3 два пати е внесена во планот ( на страна број 6 и страна број 9 ). На страната број 6 табелата е исправно напишана, додека грешката е на страната број 9 каде треба да стои „Дел 3, табела 6, планирани нови вработувања“. Истото е благовремено коригирано и доставено до Советот на општина Охрид.
Јавноста ја информираме за оваа техничка грешка со цел да се избегне создавање лажна слика или да се креира непотребна тензија од одредени центри за одредени потреби.
Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид останува финансиски стабилно јавно претпријатие, со редовно измирување на обврските кон вработените и добавувачите, како и претпријатие со најсигурни работни места кои нема да се укинуваат.

 

Оглас за издавање под закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

Scan_20210520

 

 

Оглас за издавање под закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

zakup

Оглас за издавање под закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

Scan_20210407

Се освежуваат зелените површини по “Туристичка” и “Партизанска”

Екипите на “Паркови и зеленило” спроведуваат низа активности за освежување на зелените површини по ул.”Булевар Туристичка” и ул.”Партизанска”. Дрворедите се прихрануваат со минерално ѓубриво, се расчистуваат граничниците покрај коловозот, се засадува цветен расад и хортикултурно се уредува бетонската жардињера по ул. “Булевар Туристичка”.