Category Archives: АКТУЕЛНО

Секојдневно се расчистува пристаништето и градскиот кеј

Деновиве екпите на Ј.П. “Охридски Комуналец” имаат полни раце работа со расчистување на отпадот што езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и кејот. Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа,  најлон кеси, лименки и др.)  што надојдените реки ги носат со себе, како и  наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен правец ги исфрла на кејот.  Во наредните денови ќе се продолжи со исто темпо, со цел  одржување на јавната  чистота на градскиот кеј и пристаништето на највисоко ниво.

Викендов генерално миење на сообраќајниците во градот

Согласно поволната  временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) спроведува акција за машинско миење на сообраќајниците во градот. Целта на овие активности е да се подобри хигиената на јавните површини и да се  отстранат абразивните средства кои беа употребени за зимското одржување.

Согласно Програмата за работа за 2021 год. во наредниот период нашето претпријатие континуирано ќе ја реализира оваа активност во зависност од потребите и временските услови.

 

 

 

Се санираат голем број скршени дрвја и гранки на повеќе локации

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ со полни раце работа после паднатиот снег. Се санираат крошните од дрворедите по ул.„Партизанска„ и „Булевар Туристичка„, дел од гранките се отстрануваат, а другите се санираат. Исто така се уредува шумскиот дел покрај скалите кои водат до Спомен-паркот на револуцијата каде голем број гранки се скршени под тежината од снегот.

 

Депонирани абразивни средства со кои ќе се делува во зимски услови

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и  „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”  на повеќе локации во градот и руралните места  депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ ( бараки), ул.„Питу Гули„, , ул„Јане Сандански„ (пункт „Мини маркет„), по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и  тоа:  с.Елшани , с.Долно Коњско, нас.Исток, с.Рача, с.Рамне, с.Велестово, с.Куратица и с.Велгошти. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.

 

Дезинфекција на јавните површини, пристапи кон институции и приградски населби

Со цел спречување на ширењето на Корона вирусот – COVID-19  нашето претпријатие  спроведува  превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржување на јавната чистота на највисоко ниво. Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес  спроведе превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во центарот на градот (чаршијата, кејот,  детските игралишта, фитенс зони, патеки за рекреација) , потоа главните сообраќајници , во ЈЗУ„Општа болница„-Охрид (влезот во здравствената установа, коловозните површини, тротоарите и сите пристапи кон различните оддели) , пристап кон објекти од витално значење и селата Велгошти, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и туристички комплекс Свети Стефан.

Со овие активности ќе продолжиме и во наредните денови и ќе бидат опфатени и другите делови од градот и приградските населби.

 

Заради COVID-19 јавните тоалети надвор од употреба

Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19 , по препорака од Општинскиот кризен штаб, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба јавните тоалети во Охрид лоцирани кај мини-плоштадот во близина на Т.Ц.АМАМ. Претходно истите темелно се дезинфицирани.

 

Акција кабаст отпад с. Пештани (вторник- 06.10.2020 год.)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.10.2020 год. (вторник) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с.Пештани.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Акција за чистење на магистрален пат Охрид-Св.Наум и машинско миење на чаршијата

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по завршувањето на туристичката сезона започнаа акција за расчистување на расфрланиот комунален отпад  покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум и зелениот појас помеѓу коловозните ленти. Акцијата ќе се одвива етапно поради должината на делницата, а искуствено  се планира да се соберат околку 300 вреќи отпад .

Секојдневно се превземаат вонредни активности за отстранување на флеките од плочникот од чаршијата и машинско миење.

Оглас за продажба на стара отпадна хартија

Оглас за прибирање понуди

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид врши продажба на стара отпадна хартија.

Ве молиме отворете на линкот подолу:

oglas-stara-hartija

 

Чистење на чаршијата од гумите за џвакање

Одржувањето на јавната чистота на јавните површини и отворени простори заради обезбедување на здрава и чиста животна средина е приоритет во нашите секојдневни и вонредни активности. По завршувањето на екот на туристичката сезона екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за рачно чистење на гумите за џвакање  од охридската чаршија. Активностите се реализираа од раните утрински часови за да се избегне френквенцијата на движење по чаршијата, како и заради пониските температури кога гумите полесно се отстрануваат од плочникот.