Category Archives: АКТУЕЛНО
Активности за одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот
Екипите на „Паркови и зеленило” денеска спроведоа активности за тековно одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот.

Се отстрануваше дива вегетација и се поткаструваа гранки за да се овозможи непречено движење на пешаци и возила покрај улиците „Аргир Маринчев”, „Климентов Универзитет”, просторот околу црквата Св. Богородица-Каменско и покрај тесни пристапни патеки во овој дел од градот.
Интервенирано со абразивни средства на пристапниот пат до с.Рамне
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Ј.П. ,,Охридски Комуналец” и Националниот парк Галичица

ИЗВЕСТУВАЊЕ
По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на Ј.П.„Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и се пристапи кон решавање на проблемот. Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран.
Во населба Исток се интервенираше со абразивни средства
Во овие поларни денови ќе затоплиме уште две семејства од социјално ранливи групи
Во овие денови кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, со донација на огревно дрво ќе ги затоплиме домовите на две семејства од социјално ранливи категории.

Оваа иницијатива ја реализираме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.
Продолжуваме со чистење на снегот-Стар Град, населба Гоце Делчев(бараки) и с.Елшани
Снежната покривка се расчистува и од јавните пешачки површини
Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Покрај сообраќајниците, снегот се расчистува и од јавните пешачки површини со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.

се расчистува снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”
Ги потсетуваме граѓаните и правните субјекти за законската обврска која ја имаат согласно Законот за јавна чистота да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.
Оперативните служби веднаш на терен, се расчистува снежната покривка
Поради обилните снежни врнежи оперативните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен. Се интервенира според приоритет и се делува прво на повисоките места. Ангажирана е расположивата механизација, се расчистува снегот и се нанесуваат абразивни средства.

се расчистува коловозот од патот до с.Велестово
Во текот на денот ќе се интервенира по сообраќајниците и другите јавни површини согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2022 год.
Апелираме до граѓаните доколку не е неопходно да го избегнат движењето кон повисоките населени места за да се избегнат несакани последици.
Повторен Оглас за прибирање понуди
Се украсува централното градско подрачје
Ј.П.„Охридски Комуналец” се вклучува во подготовките за Богојавление-Водици
Ј.П.„Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад.

Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол.


































