Category Archives: АКТУЕЛНО

Расчистен просторот под црквата Св.Богородица Перивлепта

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија просторот под црквата Св.Богородица Перивлепта од несоодветно депониран отпад.

Иако не се работи за јавна површина, во интерес на граѓаните и сите туристи кои го посетуваат овој локалитет, пристапивме кон расчистување на расфрланиот комунален отпад, зелен отпад и разновиден шут.

Се расчистува потегот околу зидините кај Горна Порта

Денес се спроведе акција за расчитување на локалитетот Горна Порта каде се опфатени пристапните патеки околу ѕидините на Самоиловата Тврдина и шумскиот појас на овој потег. Подигнати се големи количини расфрлан комунален отпад.

Екипите на „Паркови и зеленило” продолжија со активностите за тековно одржување на дрворедот по ул.„Булевар Tуристичка”.  Се интервенира на потегот од кружниот тек кај гимназијата до пресекот со ул.„Даме Груев”.

Упатуваме апел до граѓаните, заради безбедно спроведување на активностите, да се воздржат од паркирање на автомобили на овој потег во периодот 08.00 часот-13.00 часот секој работен ден  до 10.03.2022 година.

Расчистени уште две мапирани депонии

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” расчистија уште две мапирани депонии на територијата на општина Охрид.

расчистена дива депонија во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо”

 

расчистена дива депонија на ул.„Марко Цепенков”

Согласно Програмата за работа за 2022 год. се спроведоа активности за тековно одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Велгошти и Лескоец.

Расчистена дива депонија на ул.„Ристо Чадо”

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” расчистија уште една мапирана дива депонија на ул.„Ристо Чадо”. Подигнати се огромни количини кабаст отпад и друг вид комунален отпад кој несовесни граѓани и околното население го расфрлиле на оваа локација.

 

Чистење на речното корито на р.Сушица и околниот простор

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на р.Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото. Се расчистува потегот од пресекот со ул.„Живко Чинго”  до пресекот со ул.„Железничка”.

Со оваа активност ќе се спречи сиот овој отпад да заврши во водите од Охридско Езеро, а се надеваме дека загадувачите ќе бидат санкционирани.

 

Тековно одржување на дрворедот по ул.„Булевар Туристичка” и уште една донација на огревно дрво

Екипите на „Паркови и зеленило” на терен со активности за тековно одржување на дрворедот по ул.„Булевар Туристичка”. Се поткаструват гранките од дрвјата со што се врши припрема на дрворедот пред пролетниот период на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини Извори до пресекот со ул.„Даме Груев„.

Денеска е реализирана уште една донација на огревно дрво за семејство од социјално ранлива категорија.Оваа иницијатива ја реализираме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

Во месец март општина Охрид ќе доделува канти за отпад

Oпштина Охрид согласно Програмата за заштита на животна средина и природа и во оперативната 2022 година  ќе врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства од следните улици: „Григор Прличев“, „Петар Чауле“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Бранко Шотра“, „Нада Филева“ и “Димче Маленко“. Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при Ј.П.„Охридски Комуналец“ лоциран  на ул.„АСНОМ“  во период од  01.03.2022 до 31.03.2022 година, од 07.00  до 13.00  часот секој работен ден (од понеделник до петок) .

📝    Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П.„Охридски Комуналец“.

Широко-опфатна акција за подигање несоодветно депониран отпад

Чиста и уредена околина, животна средина во која секојдневно рaботиме и живееме, се заложбите на Ј.П.„Охридски Kомуналец” кои ги има зацртано во своите активности. Но тоа сами не можеме да го постигнеме без заедничка соработка со секој граѓанин и правен субјект во борбата за повисока еколошка свест.

Денеска се реализира широко-опфатна акција за подигање на  несоодветно депониран градежен шут, зелен отпад, кабаст отпад и друг вид габаритен отпад на различни локации во градот и околината: населба Даљан, ул.„Гоце Делчев”, „ Ариф Мустафа”, „7-ми Ноември”, „Егејска”, „Богомилска”, „Питу Гули”, „Булевар Туристичка”, „Кеј Македонија”, „Галичица”, „АСНОМ” и „Јордан Мијалков”.

Донирано огревно дрво на семејство кое живее во субстандардни услови

По објавената сторија на некои електронски поратли за малата Наташа и нејзината мајка, водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашето опкружување, Ј.П.„Охридски Комуналец„ донира огревно дрво на ова семејство.  Се надеваме дека оваа наша скромна помош ќе му помогне на ова семејство на кое за жал животот не им е благонаклонет. Живеат во субстандарни услови, во тешка материјална состојба, со тешки здравствени проблеми и во секојдневна борба со основните егзистенцијални потреби.

 

Огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

Со новите снежни врнежи дежурните екипи веднаш на терен

Со новите снежни врнежи кои го зафтија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен. Се интервенираше со сета расположива механизација, а денес уште од раните утрински часови се расчистуваат јавните пешачки патеки,  пешачки премини, чаршијата, пристапи до институции и други површини според приоритет.

Оглас за издавање под закуп на деловен простор во зградата на Градски Пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловен простор кој се наоѓа на кат во зградата на Градски пазар Охрид и тоа:

-Деловен простор со површина од 95 м2 , месечна цена за закуп е 3 евра/м2

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

oglazzakup

Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш на терен

Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш на терен. Се мобилизираа сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Снегот се расчистува од јавните пешачки површини од чаршијата, „Булевар Туристичка”, стариот дел од градот,  коловозите од патиштата кои водат до повисоките населени места, со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.