Вонредни активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации

Нашите екипи со вонредни активности за одржување на јавната чистота

🧹 Генерално чистење на ул.„Железничка„ и ул.„15-ти Корпус„

Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и  подигнат е расфрланиот отпад.

🚜  Расчистена уште една мапирана дива депонија во близина на с.Велгошти

♻ Подигнати големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк

Share