Category Archives: АКТУЕЛНО

Оглас за продажба на стара отпадна хартија

Оглас за прибирање понуди

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец” Охрид врши продажба на стара отпадна хартија.

Ве молиме отворете на линкот подолу:

otpadnahartija

 

 

Теренски активности на повеќе локации

Екипите на „Паркови и зеленило” интервенираa во расчистување на зелената површина позади НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид каде  се подигна расфрланиот отпад и се отстрани дивата вегетација. Исто така се отстрани високата вегетација (гранки од дрвја и зелена ограда) на ул.„Димитар Влахов” и „Радојца Новичиќ” кои го попречуваа нормалното движење на пешаците.

Денес се одржуваше јавната чистота во населба Лагадин каде се подигна несоодветно депониран  кабаст и зелен отпад.

Продолжуваме со  хуманата акција која ја реализираме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид. Дониравме огревно дрво на уште едно згрижувачко семејство во Охрид од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

И ова утро локации со несоодветно депониран отпад

Никако да се надминат проблемите со кои Ј.П.„Охридски Комуналец” секојдневно се соочува. И ова утро многу локации  со расфрлан најразновиден отпад (кабаст и зелен отпад, картони, пластика и градежен шут)  околу контејнерите и јавните површини по улиците: „Никола Карев”, „Булевар Туристичка”, „Егејска”  „Галичица” , „АСНОМ” ,„Ариф Мустафа” ,„Питу Гули”, „7-ми Ноември” и др.

Повторно упатуваме апел да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад, а за секоја потреба која ја имаат за депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут, како и пријавување на  случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен  е дежурниот телефон  075-495-428 секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

Интервенирано кај црквата Св.Троица

Оперативните служби при Ј.П.„Охридски Kомуналец” денеска интервенираа кај црквата Св.Троица во населба „Радојца Новичиќ”.  Со специјална механизација е подигнат  градежниот шут од дворот на црквата и отпадот е транспортиран.

 

Донација на огревно дрво за згрижувачко семејство

Водени од принципите на хуманост и пружање помош на оние на кои им е најпотребно, Ј.П.„Охридски Комуналец”  донира огревно дрво на згрижувачко семејство во Охрид. Оваа иницијатива ја реализиравме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

Поради несоодветно одлагање отпад запален контејнер на ул.„Даме Груев”

На ул.„Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.

Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани . Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул.„Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер.

Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер.

Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.

Дежурен телефон за пријавување на проблемите со депонирање отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на  случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен  е дежурниот телефон  075-495-428 секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

 

 

Известување до правните субјекти кои дејноста ја обавуваат по чаршијата

         Со цел подигнување на степенот на јавна чистота во општина Охрид на повисоко ниво, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува сите правни субјекти кои својата дејност ја обавуваат по чаршијата дека комуналниот отпад треба да го депонираат во контејнерите кои се во непосредна близина, а не да го оставаат пред своите објекти или да го депонираат во садовите за депонирање ситен отпад.

          Сите ние сакаме да живееме во чист и уреден град, препознатлив туристички центар, па  затоа садовите за ситен отпад треба да се употребуваат  согласно нивната намена.

          Секое непочитување на комуналниот ред ќе биде санкционирано согласно Законот за јавна чистота.

          Ви благодариме на соработката и разбирањето

 

Интервенирано кај руинираниот објект на ул.„Гоце Делчев”

По налог на локалната самоуправа Ј.П.„Охридски Комуналец” го подигна градежниот шут од ѕиданата ограда која е во фаза на распаѓање од приватен имот на ул.„Гоце Делчев”. Објектот претставува опасност по пешаците и возилата. Интервенирано е со специјална механизација, подигнат е шутот и овозможено е нормалното одвивање на сообраќајот.

Расчистени мини-депонии во с.Трпејца, денеска повторно истата слика

Изминативе денови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” ги расчистуваа локациите во с.Трпејца  каде  несовесни граѓани депонирале секаков вид отпад: најразновидна покуќнина, градежен шут, зелен отпад од градини и др. Од овие мини депонии се подигнати над 30 кубици отпад со ангажирање на специјална механизација.

Но за жал денеска истата слика. Повторно расфрлани кревети, фотелји, пластични столици и др. Повторно интервениравме со надеж дека нема повторно да сме сведоци на овие фотографии.