Изминатиов викенд полни раце работа за дежурните екипи

Дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд со полни раце работа. За жал, еко-совеста кај граѓаните на најниско ниво! 

Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите се сеуште на терен за да се надмине ситуацијата која ја затекнавме.

Се подигаше кабаст  и зелен отпад и градежен шут по улици Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември,  Егејска, Пере Тошев, Сирма Војвода, населба Даљан, Булевар Туристичка, Јордан Мијалков, АСНОМ, Галичица, Никола Карев, Марко Несторoски и други локации.

Секојдневно се интервенира и на градскиот кеј (потег  градско пристаниште до Холандски парк) каде се подига разновиден тешко разградлив отпад, реса и муљ.

Share