Со првиот снег оперативните служби веднаш на терен

Сите оперативни служби од Ј.П.„Охридски Комуналец”  првиот снег го дочекаа спремно. Веднаш се излезе на терен со расположивата механизација и дежурни екипи. Се расчистува снежната покривка од коловозите и јавните површини и се делува со абразивни средства со цел да обезбедиме  непречено движење на возилата и пешаците, како во централното градско подрачје, така и во приградските населби. Со помош на механизација на која се приклучени ножеви за чистење на снег и епохи се расчистуваат прво коловозите од улиците со највисок приоритет и ризик во зимски услови: „Стар Град„ , „Гоце Делчев„ (бараки), централните фреквентни сообраќајници, а ќе се продолжи со патот до с.Велестово и с.Елшани.

Се расчистуваат и јавните пешачки површини со највисок приоритет и чаршијата, а каде што има потреба се делува со абразивни средства.

Екипите на „Паркови и зеленило” превентивно ги отстрануваат снежните наноси од крошните од дрворедите како не би дошло до кршење на дрвјата.

 

Share