Category Archives: АКТУЕЛНО

Користете ја нашата услуга за е-фактура

Почитувани наши корисници,

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид Ви ја нуди услугата е-фактура.

Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено,  притоа давајќи голем придонес во заштита на животната средина.

Активирањето може да се изврши на два начини:

  1. Доколку ја користите нашата услуга за електронска наплата на сметките и фактурите на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk , во копчето за корисничка сметка го штиклирате полето

✅Се согласувам сметките за извршените услуги да ги добивам само по електронски пат

Другата можност е да пополните формулар за доставување на сметките и фактурите по електронски пат кој се наоѓа на нашата официјална веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk

Ви благодариме што ги користите нашите електронски услуги и што придонесувате во заштита на животната средина

 

Електронска платформа за плаќање на фактурите за правни субјекти

Ј.П. Охридски Комуналец ги известува правните субјекти-корисници на нашите услуги, кои добиваат месечни фактури по услугата подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад, дека од денеска имаат можност за  електронска наплата на фактурите преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија.
Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат.
Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на фактурата (со кирилична поддршка  пр. Ф9876). Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени фактури е даден по објекти.

Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија.

 

Оглас за издавање под закуп на деловeн простор зграда Градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловен простор што се наоѓа на кат во зградата на Градски пазар Охрид.

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

oglas

Оглас за прибирање понуди за продажба на ПЕТ амбалажа-балирана и рефус

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид врши продажба на ПЕТ амбалажа-балирана и рефус.

Продажбата се врши по пат на прибирање на понуди во писмена форма. Понудите да се достават во затворен плик на адреса Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид , „Нов расадник” бб.

Избран ќе биде оној понудувач кој ќе понуди најповолна цена и со истиот ќе биде склучен Договор за купопродажба.

Огласот е отворен 5 дена сметано од денот на објавувањето.

линк до огласот:

oglaspet

Акција за подигнување зелен отпад 19.11.2022 год. У.З.14   Радојца Новичиќ

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.14   Радојца Новичиќ.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 19.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Ова е последната редовна  акција за подигнување кабаст и зелен отпад кои беа предвидени во годишниот календар за 2022 год.

 

Вонредна акција за зелен отпад во нас.Долно Коњско 18.11.2022 год.(петок)

Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 18.11.2022 год.(петок) ќе организира вонредна акција за подигнување зелен отпад  во нас.Долно Коњско.

Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 18.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Акција за подигнување зелен отпад 12.11.2022 год. У.З.11   Видобишта

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.11   Видобишта.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 12.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Акција за подигнување зелен отпад 05.11.2022 год. населби Кошишта, Воска и Даљан

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.3 и У.З.4  населби Кошишта, Воска и Даљан.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 05.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца 03.11.2022 год.(четврток)

Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 03.11.2022 год.(четврток) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст  и зелен отпад  во селата Пештани и Трпејца.

Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Акција за подигнување зелен отпад 29.10.2022 год. Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.10. и У.З. 6  Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 29.10.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Акција за собирање кабаст отпад У.З.14.Радојца Новичиќ 22.10.2022 год.(сабота)

Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 22.10.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во  У.З.14.Радојца Новичиќ.

Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 22.10.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Соопштение-затворена за сообраќај ул.„Кленоец” 21.10.2022 год. (петок)

❗❗Ј.П.„Охридски Kомуналец”  ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 21.10.2022 год. (петок) во периодот  од 08.00 часот до 13.00 часот  поради изведување на активности ќе биде затворена за сообраќај ул.„Кленоец” (во близина на касарната).

❗Нашите екипи ќе постапат по Решението бр.21-688 од општина Охрид од Комисијата за превземање мерки и активности за отстранување дрва на подрачјето на град Охрид и ќе бидат отстранети две јасики од оваа локација.

❗Се молат граѓаните во горенадениот термин да ги користат околните улици.