Акција кабаст отпад опфат Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и Охридати 13.05.2023 год

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 13.05.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 13.05.2023 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

Share