Вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад  во с.Трпејца 12.05.2023 год.(петок)

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 12.05.2023 год.(петок) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад  во с.Трпејца.

Се молат жителите од с.Трпејца  доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат на пристапни места најдоцна до 07.00 часот  на 12.05.2023 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Share