Category Archives: АКТУЕЛНО

Се оплеменуваат зелените површни со цветен расад

Деновиве активностите на екипите на Паркови и зеленило се насочени во сезонското уредување на зелените површини со цветен расад од најразновиден вид и впечатливи бои .

Се разубавуваат градскиот парк, кружните сообраќајници и други зелени површини. Цветниот расад кој ќе ги краси парковите во летната сезона се` до доцна есен  е од сопствено производство од видовите: салвија, агератум, винка, импатиенс, сурфинија и хибридно џунџуле.

Оглас за издавање под закуп на деловни простори во зградата на Градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори што се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар Охрид и тоа:

-Деловен простор со површина од 8 м2 , месечна наемнина по м2  е 3 евра/м2

-Деловен простор со површина од 11 м2 , месечна наемнина по м2  е 6 евра/м2

-Деловен простор со површина од 28 м2 , месечна наемнина по м2  е 4 евра/м2

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

огласпазар

Пролетно освежување на зелената површина на влезот во Охрид

Екипите на „Паркови и зеленило” со активности за пролетно освежување на зелената површина кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Тековно се одржува тревната површина и хортикултурно се уредуваат цветните леи и декоративните грмушки.

Оглас за издавање под закуп на деловни простори во зградата на Градски Пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни просторо кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар Охрид.

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

IMG_20220411_0001

Вонредни активности за чистење на плажите Сараиште, Грашница,Канео и кејот

Деновиве се интервенираше на повеќе локации на крајбрежниот појас од Охридското Езеро. Подигнати се поголеми количини тешко разградлив расфрлан комунален отпад, трска и отстранета е дива вегетација.

плажа Грашница

плажа Канео и Потпеш

плажа Сараиште

На крајот од градскиот кеј , во близина на Холандскиот Парк, се интервенираше со специјална механизација за расчистување на муљ, трска и друг вид отпад од езерските води.

Хортикултурно уреден дворот на џамијата Емин Махмут

Екипите на „Паркови и зеленило” хортикултурно го уредија дворот на џамијата Емин Махмут.

Отстранета е дивата жбунеста вегетација, извршено е тековно одржување на тревната површина, зимзелените садници се декоративно обликувани и просторот е оплеменет со засадување на цветен сезонски расад. Активностите се реализирани по претходнo добиено барање.

Екипите на терен-се санира ситуацијата по вчерашното невреме

По вчерашното невреме кое беше проследено со силен ветер, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” се на терен на повеќе локации во градот со цел да се санира состојбата: се подигнуваат оштетени стебла, скршени гранки,  се расчистува кејот и крајбрежниот појас од наносите од разновиден отпад.

Дежурните екипи се во мобилна состојба за да се интервенира каде ќе има потреба.

Активности на ЈП Охридски Комуналец Охрид

Екипите на ЈП Охридски Комуналец Охрид денес извршија активности за расчистување на езерското крајбрежје од расфрлан отпад, поткастрување на дрворедите во градското подрачје а се помагаше и со носење земја на ул.”Македонски Просветители”.

 

Акција за кабаст отпад во с.Пештани (30.03.2022год.-среда)

  Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид  на ден 30.03.2022 год.(среда) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с.Пештани.

Жителите од ова село ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 30.03.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Одбележан денот на пролетта и екологијата

Денот на пролетта и екологијата 21-ви март, Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид го одбележа со засaдување на нови садници на ул.„Јане Сандански”.

♻ ☘  Оплеменет е зелениот појас на ул.„Јане Сандански” со засадување на украсни грмушки од видот „лоницера”