Акција зелен отпад 28.10.2023 год. Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала

✔Според годишниот календар за оперативната 2023 година остануваат да се реализираат уште 4 (четири) акции кои се наменети за подигнување зелен отпад.

🔊Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 28.10.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.10. и У.З.6  Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.

📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 28.10.2023 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

‼Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Share