Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за зелен отпад У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ 29.11.2014 год.(сабота)

 

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Од денешните активности на „Охридски Комуналец„

Синоќешното невреме го зголеми интензитетот на денешните активности на одделението „Јавна хигиена„. Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, а во рамките на можностите и оперативноста, се делува на улиците од сите категории. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.

 FotorCreated1

Се расчистуваше и градскиот кеј од наносите од реса и друг отпад кој на кејот го натрупа езерскиот бран. Подигнати се 20 м3 отпад.

 191120149771

Продолжува акцијата за чистење на речните корита и денеска се расчистуваше река Сушица по должина на ул.„Аџи Мустафа„.

10.03.36

Се реализира акцијата за уредување на дрворедот по „Македонски Просветители„

Екипите на „Паркови и зеленило„ денеска ја продолжија акцијата за уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул.„Македонски Просветители„.

Поткаструвањето, сечењето и уредувањето на крошните од липи се реализира етапно, согласно планираната динамика. Во текот на вчерашниот ден завршено е уредувањето на потегот од „Кеј Македонија„ до „Партизанска„ , а денес се уредуваше потегот од „Партизанска„ до „Димитар Влахов„.

IMAG06422

                                       кроење на крошните пред поштата

Со кроењето на крошните ќе се отстранат гранки кои го оневозможуваат природното вегетирање на стеблото и кои го оптоваруваат стеблото и ќе се овозможи подеднакво продирање на сончевата светлина. Со тоа ќе се создат побезбедни услови за движење на пешаците и возилата.

IMAG06432

                                              кроење на крошните пред „Уни банка„

Акцијата се спроведува по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и според динамиката во среда ќе се уредува потегот од „Димитар Влахов„ до „Даме Груев„, а во четврток и петок ќе се поткаструваат крошните на „Македонски Просветители„ на потегот од „Даме Груев„ до „Булевар Туристичка„.

IMAG06402

                               кроење на крошните на пресекот со „Димитар Влахов„

Се расчистува р.Сушица од „Петрино„ до Винарска визба

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид. Се расчистува речното корито на р.Сушица, на потегот од ул.„Петрино„ до Винарска визба.Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.

21.08

                                   чистење на речното корито  на р.Сушица

2014-11-17 11.20.09Со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оглас БПП 2-18/2014

Оглас за барање за прибирање на понуди бр.2-18/2014

Услуги на осигурување

 Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/aff44187-a34f-4422-9923-0f42cafd6c54/RequestForProposal

Уредување на дрворедите

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид Ве известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредувањето на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата “Македонски Просветители”. Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нашите активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:

1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на “Кеј Македонија”со улицата “Партизанска”;
2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.”Партизанска” до улицата “Димитар Влахов”;
3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата “Димитар Влахов”до “Даме Груев”;
4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од “Даме Груев” до пресекот со улица “Туристичка”;
5. Петок 21.11.2014 год. – потегот од “Даме Груев” до пресекот со улица “Туристичка”;

Во зависност од временските услови овој распоред може да претрпи промени , за што ќе бидете благовремено известени.

Акција за зелен отпад У.З.6 „Даме Груев„ У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (15.11.2014 год.-сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 15.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Тековни активности на “Паркови и зеленило” и “Механизација”

Р.Е. “Паркови и зеленило” и Р.Е. “Механизација” работат на расчистување на речното корито на р.Сушица кај ул.Петрино и делот од бул.Туристичка накај “Алтанин мост” од вегетација и од надојден отпаден материјал. За таа цел е ангажирана градежна машина Фиат Хитачи и камиони ФАП Кипер.

 

600-450

Започнато е хортикултурно уредување на малиот плоштад во нас. Рача. Исто така по втор се врши плевење на жардинерите на ул.Железничка а секојдевно се подигнува листот од зелените површини на бул.Туристичка и градскиот парк.

FotorCreated Trajce

 

Зголемени активности на “Јавна Хигиена”

Деновиве се мети листот кој интензивно паѓа на тротоарите и коловозите.  Поради специфичноста на централното градско подрачје тоа се мети 3 пати во текот на денот при што се собираат 30-тина m3 лисја кои потоа со возила од ЈП Охридски Комуналец се собираат и се носат во расадник за потребите на РЕ “Паркови и зеленило” каде се врши компостирање на истите.

FotorCreated600-450

“7-МИ НОЕМВРИ” одбележан со пригодна свеченост

Ј.П.„Охридски Комуналец„ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите наши вработени им го честита патрониот празник на нашето претпријатие.

Зачувувајќи ја и негувајќи ја традицијата на одбележувањето на својот празник, денеска со пригодна свеченост го одбележавме “7-ми Ноември” со врачување на јубилејни награди на 11 вработени за 20 год. непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец”.

DSC_01382

DSC_01172

 

DSC_01112