Category Archives: АКТУЕЛНО

Хортикултурно уредено шеталиштето во Пештани

Екипите на „Охридски Комуналец„ хортикултурно го оплеменаа новиот кеј во с.Пештани. На шеталиштето кое се протега од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица, претходно се постави систем за наводнување, а потоа на 15 партерно оформени катчиња се изврши засадување на 15 палми, а околу нив се засадени 75 шимшири и 150 парчиња сезонски цветен материјал од видот хипоестес. Со тоа крајбрежниот појас на Пештани доби лик како што доликува на оваа позната туристичка населба.

Fotor0708104955

Екипите на „Паркови и зеленило„ продолжуваат со оформувањето на зелениот појас од бетонската жардињера на ул.„Железничка„ во зависност од динамиката и координација со другите активности околу одржувањето на јавното зеленило во градот.

074934

Расчистен манастирскиот комплекс „Свети Наум„

По барање на Дебарско-кичевската епархија екипите на „Охридски Комуналец„ денеска уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.

Fotor0704133224

Комуналец со многубројни активности ја одржува јавната чистота

Ј.П.Охридски Комуналец со голем број активности ја започна првата седмица од месец јули. Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваа појасот околу коловозната лента од ул.„Ристо Чадо„ , на потегот од кружната сообраќајница кај ОЕМУЦ.„Св.Наум Охридски„ до игралиштето кај „Стобекс„. Заради непречено движење на пешаците и возилата отстранети се гранки, жбунови и друга вегетација.

 Fotor0702132458

Расчистен е просторот околу „Саат-кулата„ каде во иднина се планира да никне ново зелено катче.

 IMAG03831

Екипите на „Јавна хигиена„ по налог на општинскиот инспекторат го расчистуваат крајбрежниот појас пред х.„Палас„ од окрекот кој во овој период е во фаза на скапување. Активностите во најголем дел се изведуваат машински и се започнува рано наутро од 03,00 часот за да не се попречува движењето на туристите.

Fotor070213221

Акција за кабаст отпад У.З.13 „Железничка„, У.З.14 „Радојца Новичиќ„ и У.З.15 „15-ти Корпус„ (населба „Црногорци„)

             На ден 28.06.2014 год.(сабота) Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ќе ја реализира последната акција за кабаст отпад во пролетниов циклус, а есенскиот циклус ќе започна во првата работна сабота во месец септември.

            Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 28.06.2014 год.(сабота)ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.13 „Железничка„, У.З.14 „Радојца Новичиќ„ и У.З.15 „15-ти Корпус„ (населба „Црногорци„).

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Продолжува уредувањето на месноста “Петља”

Во пресрет на новата туристичка сезона, Ј.П. Охридски Комуналец Охрид, односно работната единица ” Паркови и зеленило” продолжува со своите активности. Овојпат
активностите беа насочени на влезот на градот, т.е. месноста “Петља”. Се изврши хортикултурно средување, отстранување на цвеќињата од сортата Viola (“очиња”), а истите беа заменети со цвеќиња од видот Tagetes (“џунџуле”), дополнето со декоративно цвеќе.

Во наредниот период долниот дел ќе се засадува со зимзелени и цветни садници со што ќе се заокружи целокупниот изглед на оваа локација. slika 0

slika 1

slika 2

slika 4

Акција за кабаст отпад У.З.11 „Видобишта„ 21.06.2014

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Со хортикултурно уредување опфатени сите приградски населби

Врнежливото време придонесе бујна вегетација на сите зелени површини во охридскиот регион. Во тековнава работна седмица екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се максимално ангажирани со средување на високата трева околу коловозните ленти и пристапните патеки во приградските населби. Во понеделникот се косеа високите треви околу патот кој води до с.Вапила, во текот на вчерашниот ден се уредуваа пристапните патишта во с.Велгошти и Д.Лакочереј, а денес во с.Г.Лакочереј.

Fotor06181311101

Според работниот календар со оваа активност ќе бидат опфатени и другите приградски населби: во текот на утрешниот ден ќе се расчистува с.Косел, во петок с.Лескоец, а   на 23.06.2014 год. -понеделник ќе се расчистува патот до с.Орман, почнувајќи од пресекот со „Булевар Туристичка„ .

„АСНОМ„ хортикултурно уредена

Екипите на „Паркови и зеленило„ извршија расчистување на левата и десната страна по ул.„АСНОМ„ , од пресекот со ул.„Кеј Маршал Тито„ до пресек со ул.„Карпош Војвода„, како и потегот на ул.„Булевар Туристика„ од бензиската пумпа до кружната сообраќајница. Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците.

170620143331

170620143321

Апелираме до Советите на станари и инвеститорите, самите тековно да ги одржуваат дворните површини .

 170620143341

Поправени статичните велосипеди во Холандскиот парк

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска изврши санација на статичните велосипеди кои се лоцирани во Холандскиот парк, каде украдените и искршените педали се заменети со нови.   Овој дел од паркот заедно со уреденето катче за рекреација ги привлекува погледите не само на нашите сограѓани , туку и на многубројните туристи од Холандија и другите земји. Тие симболично ја поттикнуваат желбата за спорт, рекреација и здрав живот во здрава животна средина.

556

 

Но, за жал, поединци, во недостиг на култура и почит кон јавните добра, го уништуваат она што претставува општ интерес за сите нас. Затоа упатуваме апел до младата популација со чувство на одговорност и сериозност да пристапат при ракување со спортските реквизити кои се поставени да ни` служат долги години.

 

 

20140616_121311

Акција за кабаст отпад У.З.4 „Воска„ и населба „Даљан„14.06.2014 год.(сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.4 „Воска„ и комплексот згради и куќи во населба „Даљан„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Зелена разгледница – 12.06.2014 год.-четврток

Екипите на „Паркови и зеленило„ денеска беа присутни на многу локации во градот уредувајќи ги зелените јавни површини.

 Денеска се засадени се околу 2,500 садници од летната цветна реколта на Градскиот плоштад, Малиот плоштад и вдолж          ул.„Кеј Маршал Тито„

120620143251

120620143261

Искосена е високата трева пред судентскиот дом „Никола Карев„ на еден метар од пешачаката патека бидејќи станува збор за приватен имот

120620143271

искосена е тревниот појас вдолж ул.„Булевар Туристичка„ и „Железничка„

120620143201

120620143191

искосена е тревата кај кружната сообраќајница на ул.„Јане Сандански„ и паркот во непосредна близина

120620143231

искосена високата трева на дел од ул.„АСНОМ„

120620143181

Украдени садници од градските зелени површини

Во изминативе денови зелените површини во централното градско јадро, како и новозасадените садници во бетонската жардињера на ул.„Железничка„ беа деградирани од страна на несовесни поединци.

Украдени се околу 60 садници од различни видови: палми , зеленики, украсни грмушки и цветни садници Настрада и новоуреденото катче пред поранешното „ПТТ„ одморалиште кое беше уредено во рамките на проектот на локалната самоуправа за формирање на нови 40 цветни катчиња.

050620142981

050620143001

                          Украдени се садници од паркот пред рибниот ресторан

090620143081

                                              и од бетонската жардињера на ул.„Железничка„.

050620143031

За разрешување на проблемот Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе побара асистенција од МВР, со оглед на тоа што садниците се од сопствено производство со препознатлива и карактеристична вегетација и колорит.