Category Archives: АКТУЕЛНО

Се чистеше Античкиот театар и во с. Велгошти

Се чистеше Античкиот театар после синоќешниот концерт, согласно договорот со продукциската куќа. Отпадот беше уредно собран и подигнат со возило на Ј.П. “Охридски Комуналец”.

Се реализираат барањата од претседателите на урбани заедници со кои беа одржани работни состаноци

Денес дел од екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, по барање на месната заедница, беа ангажирани на хортикултурно уредување во населбата Рача.

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2017 за даватели на јавни услуги

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2017 за пополнување на работни места на даватели на јавни услуги по пат на вработување во Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид

Се расчистуваше спортскиот центар после вчерашниот концерт

Покрај тековните активности, поради зголемениот обем на работа и согласно договорот со “Авалон продукција” и С.Р.Ц. “Билјанини Извори” се чистеше стадионот после концертот.

Зголемени активности на Ј.П. Охридски Комуналец

Екипите на Ј.П. “Охридски комуналец” денес со зголемени тековни активности во централното градско подрачје и на бул. “Туристичка” поради зголемената посета на гости во градот пред претстојниот празник “Илинден”.

Зголемени активности на службите на Ј.П. Охридски Комуналец

Поради зголемена посетеност за време на викендот беа максимално ангажирани сите работни единици, расположливата механизација и ресурси на Ј.П. “Охридски Комуналец”.

Повторно оштетување на зеленилото на пешачката патека

За време на изминатиот викенд од страна на дежурните служби повторно е забележано оштетување на зеленилото од страна на несовесни граѓани.

Комуналец воведе вонредни смени за собирање на отпадот во ноќните часови

Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај редовните смени за собирање на отпад воведе и вонредна смена каде ќе се собира кабастиот отпад исфрлен околу контејнерите

Се организираат средби со претседателите на урбаните заедници

Се организираше средба со претседателите на урбаните заедници “у.з. Стар град, у.з. Центар, у.з. Кошишта, у.з. Билјанини извори и у.з. горна Влашка маала на 28.07.2017 во петок

Исчистена дива депонија наспроти бензинската Окта на Туристичка

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” повторно на терен за машинско расчистување на дива депонија создадена од несовесните граѓани наспроти бензинската “Окта”, покрај игралиштето кај плавобелите згради.

Ќе се одржуваат колегиуми за организација на активностите и решавање на проблемите од страна на претпријатието

Директорот на Ј.П. “Охридски Комуналец” Александар Китески воспоставува пракса на одржување работни колегуми за организација на активностите на работните единици на јавното претпријатие,  како и тековно решавање на проблемите со кои се соочува претпријатието во секојдневното функционирање.

Се чистеше крајбрежниот појас и викенд населбите на охридското крајбрежје

Денес се изврши чистење и метење на крајбрежјето на потегот кај хотелот “Славија”, во нас. “Лагадин”, с. “Пештани” и се до с. “Трпејца”. На овај потег вработените ќе бидат секојдневно присутни се до крајот на туристичката сезона.