Category Archives: АКТУЕЛНО

Цветно уредување на парковите во есенско-зимскиот период

Со засадување на сезонските цвеќа од видот виола (очиња) започна цветното уредување на парковските решенија, кружните текови и другите зелени површини во престојниот есенски и зимски период.

Оглас за прибирање понуди

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид врши продажба на основни средства-возило и старо железо

Хортикултурно уреден просторот околу прес-контејнерот н.Христо Узунов

По завршувањето на акцијата за расчистување на дивата депонија околу прес-контејнерот во нас.„Христо Узунов„ , надлежните служби од јавното претпријатие пристапија кон хортикултурно уредување на околниот простор.

Издвојуваме од денешните активности

Расчистена е локацијата околу контејнерите на ул „Славеј Планина„ каде несовесни граѓани го деградирале просторот создавајќи дива депонија од натрупан градежен шут,  зелен отпад и комунален отпад.

Расчистени диви депонии во Даљан и каналот кај„Бистрица„

И во текот на денешниов ден екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа вонредни акции за расчистување на диви депонии на повеќе критични точки.

Во населбата „Даљан„ расчистени се диви депонии на 6 (шест)  микро локации каде несовесни граѓани депонирале градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад  и најразличен комунален отпад.

 

расчистување на диви депонии во населба „Даљан”

 

 

По  барање на месното население и по добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, расчистен е каналот   на река Грашница по нејзиното течение на ул.„Бистрица„. Со помош на специјална механизација отстранети се грмушки, друга дива вегетација и натрупан отпад. Со овие мерки превентивно  се делуваше на каналот како не би дошло до излевање на водата при обилни врнежи.

 

Денешниов ден беше искоритен и за празнење на специјалните садови каде се депонира селектиран отпад од пластика и стакло.

Зголемени активности за расчистување диви депонии

Од утрово со координирани активности на сите служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се започна со расчистување и уредување на повеќе локации во градот и околината. 

Се чистеше кејот после силниот југозападен ветар

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, после силниот ветар во предходните два дена, започнаа акција за расчистување на кејот, на потегот од градското пристаниште до хотел “Милениум”.

Денот на ослободувањето на Охрид одбележан во просториите на Ј.П. Комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите наши вработени им го честита патрониот празник на нашето претпријатие.

Се расчистуваше 15ти Корпус

Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на уредување на ул. “15ти Корпус”, на излезот од градот према “Битола”.

Хортикултурно се уредуваше во стариод дел од градот и во нас. Христо Узунов

Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на хортикултурно уредување во населбата “Христо Узунов” и во стариот дел од градот.