Се реализираат барањата од претседателите на урбани заедници со кои беа одржани работни состаноци

Денес дел од екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, по барање на месната заедница, беа ангажирани на хортикултурно уредување во населбата Рача. Се косеше зараснатата трева и грмушки и се садеа зимзелени декоративни садници кај фонтаната.

Друг дел од екипите беа ангажирани на косење на потегот од ул. “7ми Ноември” до ул. “Богомилска”, исто по барање на жителите.

Дел од екипите на “Јавна хигиена”, по барање на жителите на населбата “Воска”, исчистија дел од коритото на реката “Грашница” каде се имаше насобрано комунален отпад, гранки од дрвја, трева и др. депонирани од граѓаните во реката.

Share