Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на уредување на повеќе локации. О.У. “Христо Узунов” хортикултурно се уредуваше
Денес се изврши уредување на вегетацијата во ОУ “Св. Климент Охридски” во стариот дел од градот, со косење на израснатата трева во дворот на училиштето и околу игралиштето, пред почетокот на школската година.
По барање на охридската гимназија “Св. Климент Охридски” беше расчистен просторот помеѓу спортската сала и бул. “Туристичка”, кој беше обраснат со висока вегетација.
Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” се ангажирани на расчистување на патот од “Скребатска маала” над с. “Лескоец”, се до с. “Скребатно”, пред претстојниот празник Успение на Пресвета Богородица
По налог на комуналната инспекција во соработка со “Капетанија” – Охрид, и со локалната самоуправа како организатор на пливачкиот маратон, Ј.П. “Охридски Комуналец” денес изврши чистење на пристаништето во комплексот “св. Наум”
Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување во с. “Завој”, како и патот кој води до него.
Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски комуналец” спроведоа акција за расчистување на ул. “Прва македонска ударна бригада”, на потегот од “Стобекс” до чинарот “Влашка маала”.
Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на дел од влезот на Охрид, кај местото познато како “Петља”, на крајот на улицата “Железничка”.
После вчерашното невреме проследено со ветар, и поради зголемената посета на гости за време на викендот, зголемен и обемот на работа на екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”.
We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue to use this site we will assume that you are happy with it.Ok