Category Archives: АКТУЕЛНО
„Генералка„ на ул.„Железничка„

Екипите на „Јавна хигиена„ спроведоа генерално расчистување на фреквентниот магистрален пат -ул.„Железничка„. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.
Информативни табли за забрането фрлање отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад). Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации -црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше.
Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата најстрого е забрането фрлање на отпад на јавни површини и во природата, односно надвор од определените места и садови за одлагање на отпад. Согласно Законот за Јавна чистота казна ќе му се изрече на секое лице кое постапува спротивно и не ја почитува забраната односно фрла отпад на јавна површина. Притоа апелираме секоја девијантна појава и непочитување на јавната чистота граѓаните да ја пријавуваат на тел.075-495-428.
Се разубавуваат зелените површини со зимска реколта

Започнаа активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Денес екипите на „Паркови и зеленило„ го разубаваа паркот во близина на градскиот плоштад и покрај кејот, а ќе се оплеменат зелените градски површини во централното градско подрачје (градските парковски површини, кружните сообраќајници, патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк) како и периферините делови од градот. Предвидено е да се засадат вкупно 50.000 садници од видот viola (очиња) од сопствено производство.
J.П.„Охридски Комуналец„ го одбележа својот патронен празник

J.П.„Охридски Комуналец„ денес го одбележа својот патронен празник “7-ми Ноември„ . Патронатот беше одбележан со набавка на четири нови возила за потребите на јавните претпријатија кои општина Охрид ги доби преку грант на Светска банка. Нашето претпријатие доби комбинирана машина ровокопач-утоварувач со која во голема мерка ќе се олеснат тековните обврски. Секојдневно се трудиме нашите услуги да ги подигнеме на повисоко ниво со цел Охрид да стане модерен туристички центар со уредени јавни површини и зеленило.
Со пригодна свеченост на вкупно 14 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец” и тоа : седум вработени за 30-годишно работење, пет вработени за 20-годишно работење и двајца вработени за 10-години непрекинат работен стаж.
Ново хортикултурно катче на Сараиште, вонредни активности на кејот

Екипите на „Паркови и зеленило„ ја реконструираа јавната површина пред споменикот на Коста Абраш на Сараиште. Формирано е ново хортикултурно катче со декоративни садници и декоративен камен.
Утрово се спроведоа вонредни активности за расчистување на градскиот кеј каде силниот ветар кој дуваше во изминатото деноноќие натрупа големи количини муљ и тешко разградлив отпад кај пристаништето пред хотел Палас.
Оглас за продажба на старо железо
Комуналец стартува со платформата за електронска наплата

Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со Е-наплата на сметките за услугата: подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад. Со оваа платформа за електронска наплата им овозможуваме на корисниците онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка без провизија.
Со оваа услуга корисниците ќе имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно ќе можат истите да ги платат.
За оваа услуга корисникот треба да креира кориснички профил на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на сметката. Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени сметки е даден по објекти. Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија.
Со онлајн плаќањето се доближуваме и до нашите корисници чие постојано место на живеење е надвор од општина Охрид.
Со кликнување на сликата можете да се регистрирате:
Се расчистуваа „Билјанини извори„
Врвни резултати на 26.та Комуналијада

Во периодот 03.10.2019-06.10.2019 год. во хотелот Десарет во организација на СУТКОЗ се одржа 26.та Комуналијада на јавни претпријатија од Р.С.Македонија . Во конкуренција од 26 комунални претпријатија од Р.С.Македонија, Ј.П.„Охридски Комуналец„ постигна врвни резултати.
Во спортски дисциплини освоени се следните пехари:
- прво место во мал фудбал , награда за најдобар стрелец и награда за фер-плеј играч;
- второ место во дисциплината пикадо-жени;
Во работни дисциплини освоени се следните пехари:
- прво место во миење јавни површини;
- второ место во изнесување смет.
Оглас за продажба на старо железо
Ново хортикултурно катче кај Т.Ц.АМАМ

На малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ екипите на „Паркови и зеленило„ формираа ново хортикултурно катче со декоративни садници од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на Ј.П.„Охридски Комуналец„.
Вакви хортикултурни содржини се планира да се реализираат на повеќе локации во градот и тоа: кружната сообраќајница на пресекот од ул.„Јане Сандански„ и „Питу Гули„, кружната сообраќајница кај ЕМУЦ.„Наум Охридски„ , во градскиот парк и други локации предвидени со Програмата за јавно зеленило за 2019 год.
Се чисти мермерниот плочник од чаршијата

Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” уште од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење на мермерниот плочник од чаршијата.
Чаршијата се чисти на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот. Ангажирани се 7 комунални работници кои рачно со специјални шпакли ги расчистуваат наслагите на плочникот, а паралелно се врши и миење со цистерна.