Category Archives: АКТУЕЛНО
Пролетно чистење и хортикултурно уредување во урбаните заедници и селата

Согласно Програмата за работа за 2020 год. Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува активности за подигнување на степенот на јавна хигиена и зеленило во урбаните заедници и приградските населби. Во овој период од годината се реализираат пролетни активности на генерално чистење и одржување односно косење трева, отстранување на суви гранки и дрвја, метење на тротоарите и јавните површини од наноси од песок, подигнување на расфрлан ситен комунален отпад и отстранување на ниско-жбунеста вегетација.
Со овие активности ќе биде опфатено секое урбано катче и заедница, како и приградските населби, согласно утврдената динамика во оперативната програма.
Дезинфекција и миење во градот и селата продолжува во континуитет

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи во континуитет да спроведува вонредни активности за третирање на јавните површини со дезинфекционо средство во централното градско подрачје и приградските населби со појавата на вирусoт COVID-19. Со цел да обезбедиме безбедни услови во кои се намалува ризикот од ширење на заразата во повеќе наврати ги третираме сообраќајниците, тротоарите, пристапите кон објекти каде има поголема фреквентност на движење и инфраструктурни објекти.
Заради специфичноста на теренот и тесни улици и пристапни патеки со помалата цистерна се изврши миење и дезинфекција во „Стар Град„.
Синоќа се изврши миење и дезинфекција и во централното градско подрачје и периферијата и селата Лескоец, Велгошти, Долно Лакочереј и Горно Лакочереј.
Со овие активности продолжуваме секојдневно по претходно зацртана динамика со која ќе се опфати секоја урбана заедница и приградска населба.
После еден месец повторно исти слики од камп Љубаништа до Св.Наум

После еден месец повторнио истите слики од охридското крајбрежје на потегот од кампот Љубаништа па се` до границата со Република Албанија. Зголемениот водостој на реката Черава по нејзиното течение низ Република Албанија придонесе повторно огромни количини тешко разградлив отпад да се натрупа на брегот на Охридското Езеро.
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес пристапија кон расчистување и подигнување на отпадот (пластични шишиња, остатоци од друга пластична амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др. цврст отпад), а со оглед на енормните количини и тешко пристапен терен на одредени локации, ќе се работи и во наредните денови.
Хуманитарни прехрамбени пакети за социјално загрозените семејства

Вработените во Ј.П.„Охридски Комуналец„ покажаа голема хуманост и општествена одговорност во овие тешки денови на кризна состојба предизвикана од корона вирусот и самоиницијативно донираа средства со кој се набавени 30 прехрамбени пакети за социјално загрозените семејства на територијата на општина Охрид. Пакетите ќе бидат предадени до „Црвен крст„-Охрид кои ќе ги дистрибуираат до најранливите категории граѓани со што се надеваме дека ќе внесеме насмевка и задоволство во домовите од овие семејства.
Бројни активности за подигнување на јавната чистота и зеленило

И покрај кризната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ со несмален интензитет секојдневно реализира голем број редовни и вонредни активности за подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.
Денес се расчистуваше речното корито од река Грашница, на потегот од „Булевар Туристичка„ до вливот во Охридско Езеро, од расфралан тешко разградлив комунален отпад.
Од расфрлан ситен комунален отпад се расчистуваше и делот покрај коловозните ленти од магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље.
Од раните утрински часови се расчистуваше градското пристаниште од натрупаниот отпад исфрлен од езерските води како последица од синоќешното невреме проследено со силен ветар.
Детално се расчистуваа и хортикултурно се уредуваа улиците и пристапните патеки во стариот дел од градот.
Се расчистува патниот правец до Велестово и каналот до Билјанини Извори

Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„.
Се расчистуваше и каналот кој води од спортскиот центар „Билјанини Извори„ , покрај административната зграда на Ј.П,„Водовод„-Охрид, до каналот Студенчишта. И овде се подигнаа огромни количини ситен комунален отпад (тешко разградлива пластична амбалажа, најлон кеси и др).
Повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар
Во пресрет на Велигден дезинфицирани верските објекти

Во пресрет на велигденските празници Ј.П.„Охридски Комуналец„ , во координација со локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија, спроведе широко-опфатни дезинфекциони активности на верските објекти на територијата на општина Охрид. Со антибактеристико дезинфекционои средство се третираа пристапите, дворните места и внатрешниот простор од црквите: Св.Софија, Св.Богородица Перивлептос, Св. Богородица – Каменско , Св.Пантелјемон и Св.Климент Охридски (Плаошник), Св Јован Богослов-Канео, Св.Никола -Геракомија, Св.Никола (Долна Влашка Маала) и Св.Ѓорѓија.
Се дезинфицираат институции и станбени згради

Со цел намалување на ризиците од ширење на заразата од COVID-19 Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со активностите за дезинфекција на територијата на општина Охрид. Се дезинфицираат пристапите и внатрешниот простор на виталните објекти и институции (пошти, банки, полиција, суд, трговски центри и др.), како и јавната инфраструктурна опрема (клупи и садови за депонирање ситен отпад). Исто така се дезинфицираат дворните места и ходниците од станбените згради во 8.ма урбана единица („Билјанини Извори„) и ул.„Партизанска„.
Од понеделник продолжуваме со колективните станбени згради и во други урбани заедници на територијата на општина Охрид.
Известување за динамиката на подигање комунален отпад

Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID – 19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата донесена на 36.тата седница на Владата на Република Северна Македонија, Ве известуваме за следното:
На ден 11.04.2020 година(сабота) ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: “Јане Сандански” , ”Даме Груев”, “Прва Македонска Ударна Бригада”, ”Марко Цепенков”, “Андрија Јованоски”, “Момчило Јорданоски” , “Питу Гули” , “28-ми Април” и “130” . Истиот ден ќе вршиме само подигање на комуналниот отпад депониран во контејнерите поставени во централното градско подрачје.
Подигањето на комуналниот отпад од горенаведените улици ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид ќе го изврши на ден 15.04.2020 (среда) .
Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар
По вчерашниот снег скршени гранки на повеќе локации

Снегот кој заврна во текот на вчерашниот ден на територијата на општина Охрид не направи поголеми проблеми во сообраќајот но поради влажноста и тежината на снегот на повеќе локации во градот имаше скршени гранки и оштетени дрвја.
Екипите на „Паркови и зелeнило„ веднаш излегоа на терен и ситуацијата беше санирана со што е овозможено непречено движење на пешаците и возилата. Со помош на чамец се отстрануваа и скршени гранки од каналот Студенчишта.